Category Archives: Информации

Конкурс за првенец на генерација

                                        КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРВЕНЕЦ

 

Oд .11.5.2020 год – до 25.5.2020 год , ООУ„Вера Циривири- Трена“ распишува

 конкурс за  избор на Првенец на генерација.  Сите кандитати , ученици од деветто

одделение кои се заинтересирани за учество на конкурсот„Првенец на генерација“

 потребно е да  достават  молба и  лични  документи ( дипломи, сертификати,

благодарници,пофалници) кај дежурниот наставник во училиште во период  од 9:00h до 12:00h.

Соопштение за упис на ученици во прво одделение

                                  СООПШТЕНИE          

ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ – ТРЕНА“ СКОПЈЕ запишува ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 год.

 

Во прво одделение се запишуваат ученици кои на крајот на календарската 2020 година ќе наполнат 6 години.

По исклучок, во прво одделение може да се запишат деца кои до 31 јануари наредната година ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и добиено мислење од педагог и психолог од училиштето.

За да го пријавите Вашето дете за упис во прво одделение, потребно е да ја симнете Пријавата за упис која може да ја најдете на web страната на училиштето: www.veraciriviritrena.edu.mk , а потоа истата пополнета да ја доставите на mail: upisprvo.veraciriviri@gmail.com најдоцна до 25.05.2020 год.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

1 .ИЗВОД НА РОДЕНИТЕ (ФОТОКОПИЈА)

2. ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИСУСТВО НА ЕДЕН РОДИТЕЛ ( СО ЛИЧНА КАРТА)

3.ПОТВРДА ЗА ПРИМЕНИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ВАКЦИНИ –  извадена од нaдлежната здраствена установа (останува во училиштето)

4.ПОТВРДА ОД СТОМАТОЛОШКИ ПРЕГЛЕД  – одговорен за нашето училиште ДИСПАНЗЕР КАРПОШ (останува во училиштето)

Документите (потврда за задолжителни вакцини и стоматолошки преглед) треба да се извадени од надлежната здраствена установа

Документите треба да бидат доставени на денот на тестирањето на Вашето дете. Дополнително ќе бидете известени телефонски за терминот на тестирање кој ќе се реализира во месец јуни.

 При запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ. ( според член 60. став.3 од Законот за основно образованиe, Службен весник на РСМ, бр. 161 од 5.8.2019 година)

Уписот  е на деца кои според реонизација припаѓаат во нашето училиште  и врши во согласност со член 63 од Законот за основно образованиe, Службен весник на РСМ, бр. 161 од 5.8.2019 година.

     Стручен тим на

ООУ„Вера Циривири-Трена„Скопје

Тел: 02 3068-507 (од 9:00 до 12:00h)

Електронска пријава

Известување за распоред на online настава

Се известуваат сите родители дека распоредот за online настава ќе го договараат со одделенските наставници и класните раководители во зависност од можностите на родителите, учениците и наставниците преку алатка која ќе ја посочат наставниците. По завршување на обуката на наставници за платформата Microsoft Teams ќе биде изготвен распоред на ниво на училиште и ќе биде истакнат на нашата веб страна. Воедно  Ве молиме редовно да ги следат насоките  дадени на Google Drive платформата.

Со почит:

М-р. Снежана Карас

Одлука за далечинско учење

Document-page-001

Известување:

Се известуваат сите родители/старатели дека потврдите за редовен ученик кои што ги имате подигнато важат и понатаму, до истекување на вонредната состојба. Со почит Вера Циривири – Трена.

Во нашето училиште уште една престижна награда и огромно признание.

Сојузот на просветни работници на Република Македонија по повод Светскиот ден на учителот на ден 5.10.2017 година (четврток), во Велес  го додели престижното признание на просветните работници на Р. Македонија за учебната 2016/2017 година. 

Оваа година ова престижно признание го доби нашата наставничка  

во категорија предметен професор во основно образование, професорката м-р Матилда Бајкова 

Инаугурацијата со пригодна програма од ученици од ООУ „Васил Главинов“-Велес  и истакнати  уметници се одржа во Ликовниот салон „Бели Мугри“ во Велес. 

Да ни се множат наградите у успесите. Оваа година е нашот јубилеј и ова е убав настан на почетокот на учебната година.

22368826_10155871623619602_562460444_o 22345265_10155871622199602_1198176514_o