Category Archives: Соработка со родители

Месецот на штедење- октомври, Шпаркасе Банка заедно со Медо Штедо

По повод месецот на штедење- октомври, Шпаркасе Банка заедно со Медо Штедо, ги посетија првачињата од ООУ,, Вера Циривири- Трена” и им дадоа корисни совети за штедење преку претстава и делење подароци.

сл1 сл2 сл3

 

Стопанска банка на гости кај нас

27.10.2022 Посета  вторачињата од Стопанска банка по повод месецот на штедење.

сл1 сл2 сл3

Соработка со Полициската  станица – Карпош

Стручните лица од Полициската  станица – Карпош, го прифатија повикот за соработка на Клубот за превенција од насилство на нашето училиште. На 26 и 27.01 се сретнаа и дискутираа со учениците од 8 и 9 одделение. Тема на дискусијата беше насилство, со посебен осврт на казнените одредби за предизвикувачите и сторителите на насилство. Учениците покажаа особен интерес и активно учествуваа во дискусијата.

сл1 сл2 сл3 сл4 сл5

Клуб на родители и наставници ОПТИМИСТИ

Во нашето училиште оваа учебна година 2013/14 се формираше клубот на родители и наставници. Неговата цел е поголемо вклучување на родителите во активностите на училиштето. Со тоа ќе се подобри соработката и комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, а тоа ќе значи и поголемо мотивирање на учениците за постигнување на подобри резултати и подигање на чувството на припадност кон заедницата во училиштето. Една од главните цели е и подигањето на расположението, дружењето и смеата.

Клубот се конституираше во декември месец и на првиот состанок сите заедно дадоа име кое и го одразува ентузијазмот – ОПТИМИСТИ. Во таа насока веднаш беа дадени повеќе идеи за соработка  а главна водилка беше хуманитарниот карактер на поголемиот дел од активностите. Веднаш се пристапи кон изготвување и организитање на новогодишна театарска претстава „ Новогодишна мешаница“.

Активно земаа учество родители од кои еден професионален режисер Војо Цветановски, актерот Игор Лазаровски, и родителите Дејан Алексовски и Славица Галиќ , кои несебично одвоиа време за реализација на проектот. Учествуваа и тројца наставници  и ученици од прво до осмо одделение. Останатите наставници се вклучија во различни сегменти како што се изработката на влезниците, одржувањето на редот, организирањето на балетската нумера и хорот. За изведба на претставата ни беше овозможена салата на кинотеката на Македонија чии директор Мими Илиеска е исто наш родител. Одржани беа 2 претстави пред преполна сала. Дружењето и работењето беа задоволство на сите. Сретствата собрани од продажбата на влезниците се наменија за лечење на ученик од нашето училиште.

Работата на клубот продолжи и на следниот содтанок присуствуваа и поголем број родители заинтересирани за клубот. Дадоа идеи за понатамошно делување, се поделивме во неколку групи на делување. Следи организирање на активностите.