Daily Archives: мај 6, 2019

07.05.2019 е неработен ден

Согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на Неговата Светост Папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните,  Владата на Република Северна Македонија донесе одлука утрешниот ден, 7 мај (вторник), да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје.

Со оваа одлука се опфатени основните и средните училишта.

Според оваа одлука ООУ Вера Циривири-Трена нема да работи на 07.05.2019 година.