Екскурзија низ Западна Македонија

 На 28 и 29 октомври учениците од VI одделение заедно со одделенските раководители Ана Кралевска и Лилјана Ружиновска беа на дводневна наставно-научна екскурзија низ Западна Македонија. За време на патувањето имаа можност да ги видат убавините на природата во Западна Македонија, но посетија и значајни културно – историски знаменитости. Првата дестинација беа преубавите извори на реката Вардар во с. Вруток. Попатно ги посетија манастирите Јован Бигорски и Рајчица каде дознаа за историјата и значењето на манастирите. Потоа имаа можност да слушнат за начинот на создавање електрична енергија во ХЕЦ „Шпиље“. Во текот на патувањето беа посетени с.Вевчани, градот Струга, Заливот на Коските  и Охрид  со Самоиловата тврдина, Плаошник, Св. Софија, амфитеатарот и прекрасната Стара охридска чаршија. Во текот на прошетката учениците беа информирани за значењето на  секоја знаменитост одделно.

slika1 slika2 slika3 slika4 slika5 slika6 slika8