Успешно учество на настанот Месец на науката – Ноември 2016 год.

 

На 11 и 12.11.2016 се одржа настанот Месец на науката со комбинирани активности: предавања, натпревар во изработки, експерименти, тест – натпревар и посети на лаборатории на Природно – математичкиот факултет (Институт за биологија, хемија, физика и географија).

   Активното учество на овие настани, учениците од ООУ ”Вера Циривири – Трена”, општина Карпош, го докажаа со награди од сите категории по предметот Биологија и Хемија.

   Под менторство на наставникот по Хемија – Валентина Пешевска, учествуваа учениците од VIII одделение

•   Марко Арсов

•   Елена Сарагинова

•   Спасение Анчески

при што освоија II награда во експериментална Хемија.

   Под менторство на наставникот по Биологија – Дивна Карапанчева учествуваа учениците

•   Ивона Зикова – VI одд.

•   Софија Шајноска – VII одд.

•   Теона Цветановски – VII одд.

•   Ема Мишевска – VIII одд.

•   Елена Попоска – VIII одд.

•   Борјан Динев – VIII одд.

•   Игор Арсов – VIII одд.

•   Христина Пентиева – VIII одд.

•   Тамара Митревска – VIII одд.

•   Магдалена Донеска – IX одд.

•   Дора Пешиноска – IX одд.

од кои во експериментална Биологија III награда освоија учениците Ема Мишевска, Елена Попоска и Игор Арсов; IV награда освои Софија Шајноска и во тест – натпревар II награда освои Ема Мишевска и IV награда освои Елена Попоска.

   Успешното учество, менторите и учениците го крунисаа со добиени сертификати, дипломи и награди.

img_0430 img_0431 img_0432 img_0433