Гранд При награда!

wp_20161205_11_34_18_pro

По повод престојниот празник 8-ми Декември, Св. Климент Охридски, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, библиотека „Другарче“, го организираше традиционалниот натпревар во пишување проза и поезија. Учениците пишуваа на тема: „Климентовата мисла и дело, наша сегашност и иднина“.  

Наградите беа врачени на 5.12.2016 година со пригоден перформанс на драмската секција при нашето училиште, под водство на менторот проф. м-р Матилда Бајкова. 

Овогодинешната Гранд При награда за поезија ја доби поетесата која веќе е докажана како вистински поет, Марија Антониева од VIII б одд, трета награда зеде Илина Динева од VI  – a одд. под менторство на проф. м-р Матиилда Бајкова.

 Две втори награди и една трета зедоа и ученичките Софија Илиевска – VI  – б одд. Елена Сарагинова – VIII а одд, И Сашка Колеска – VII а одд, – ментор Ана Кралевска.

wp_20161205_11_34_18_pro wp_20161205_11_48_25_pro wp_20161205_12_00_58_pro wp_20161205_12_07_33_pro wp_20161205_12_09_57_pro wp_20161205_12_10_58_pro