Успешно реализиран проект

img_0878

           По повод успешно учество во проектот “Вело Маало” кој го реализираше Здружение на граѓани Еко Логик – Скопје. Како финален производ на проектот претставува едукативна борд игра во Р.М. која како тема го обработува велосипедизмот.

          Една од наградите која Еко Логик ја обезбеди на учесниците во проектот е бесплатна посета на Кино Милениум. На оваа проекција беа поканети и ученици од V, VI и VII одделение од нашето училиште кои учествуваа во проектот.

          На ден 22.12.2016 година со почеток во 13 часот, нашите ученици под менторство на наставниците Дивна Карапанчева и Валентина Пешевска ја проследија проекцијата на анимираниот цртан филм “Sing” кој премиерно го прикажаа за учесниците во проектот.

img_0868 img_0870 img_0874 img_0877 img_0878 img_0881 img_0882 img_0883