Учиме за професии ,,Професија фармацевт” .

Денес 25.02.2023 година во соработка со родител  дипломиран фармацевт,  учениците од IIIв одделение имаа можност да се запознаат со професијата  фармацевт. Родителката Иванка Георгиевска на учениците од ова одделение им одржа интерактивно предавање  на тема:,,Професија фармацевт" .
Учениците покажаа особен интерес и активно учествуваа во дискусијата на дадената тема. Преку дадени клучни зборови тие денес научија:
-Што е професија,
 фармацевт,
-што е лек и за што и како правилно да  се користи,
-каде се одвива производство,а каде издавање на лековите,
-во кои се области може да работи фармацевтот,
-кои се правата и должностите на еден фармацевт,
-како може да се стане фармацевт.
Во текот на предавањето учениците беа вклучувани во дискусија ,во која ги презентираа нивните предзнаења и лични искуства на темата,а на крајот имаа можност да поставуваат прашања и  добија некои клучни пораки од фармацевтите.
Се надеваме дека поттикнати од ова интересно предавање ќе развиеме желба и мотив кај учениците за избор на оваа професија  и дека од нив во иднина ќе се "роди" некој иден фармацевт.

сл1 сл2