МИО прв пристигна во нашето училиште!

     Кој/Што е МИО?

   Клучна улога во креирањето на здраво општество има училиштето. Особено неговата витална улога е битна кога детето во рана возраст ги запознава и ги апсорбира не само основните знаења, но и вредностите што секој човек мора да ги има во себе, за да израсне во здрава, независна личност, со ум ослободен од предрасуди. Нашето училиште одсекогаш, бескомпромисно, ги негувало двата стожера за здраво општество, воспитанието и образованието. Затоа во духот на мисијата и визијата на нашето училиште од учебната 2013/14 година, активно се вклучивме во спроведување на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образование, скратено наречен МИО подржан од Македонскиот центар за граѓанско образование, Министерството за образование и наука и од Бирото за развој на образованието.Линк за пристап до ПМИО-УСАИД mk.pmio.mk/arhiva-gradenje-na-kapaciteti/шарена-мартинка-на-рака-како-потсет

                           

         1. Што е тоа НОВО во овој проект, што досега не сме го правеле?

  Во рамки на проектот, нашето училиште „Вера Циривири Трена“, прво во општината, потпиша Меморандум за соработка со партнер-училиштето со различни етнички и јазични карактеристики „Братство“.

gotovo za strana 1 slikaСлика од потпишување на Меморандумот каде нашите ученици со честитка и балетско-музичка кореографија им го честитаа воедно  и Курбан-бајрам празник на учениците од муслиманска вероисповест во ООУ„Братство“               

2. Што е целта на МИО?

   Досегашното искуство покажува дека иако живееме на мал простор, иако делиме исто сонце, сепак досегашните напори и вложувања во воспитувањето и образувањето на нашите деца во мултикултурен дух, не ги дава очекуваните резултати доволно. Што тоа значи? Нашите деца живеат во невидливи, но толку присутни меѓи, знаат за „другите“, но не ги познаваат „другите“, поминуваат едни покрај други и градат мислење за „другите“ базирано воглавно на предрасуди и заблудени стереотипи. Затоа целта на проектот МИО е надминување на предрасудите базирани на етничка различност.

Како е тоа испланирано? Со МИО се афирмира запознавањето со „другите“, а тоа е возможно единствено „очи во очи“. Преку заедничките активности на учениците од спартнерените училишта со различна етничка припадност, учениците трагаат и целта е да ги согледаат заедничките интереси. Кој е заедничкиот интерес? Нашето училиште смета дека од заеднички интерес, меѓу останатите е екологијата, затоа на Денот на дрвото приредивме мулти-медијален хепенинг со присуство на учениците од партнер училиштето, каде уметникот Цветин заедно со децата сликаше цвеќиња, децата пееја, рецитира и што е најбитно заедно ги прљаа рачињата со земја за да ја засадат својата иднина преку симболиката на засадување дрва.

za web 2Слика од мулти-медијалниот хепенинг на Денот на дрвото, заедно со  ООУ„Братство“ децата ја засадуваат својата иднина   

        Да ги наброиме и останатите меѓуетничко интегрирани часови:     

     Спортска манифестација „Играме заедно, сите сме едно“ со ученици од VIII/9

     ☺Интегрирани часови по природни науки,англиски и ликовни за учениците од Vодд

     Интегриран час по предметот математика со ученици од VIII/9

     ☺Интегриран час по предметот Историја, Класична култура и Македонски јазик со учениците од VI и VII одд.    

      Кој е училишниот тим кој стои позади МИО во нашето училиште?

   Мотиватори и реализатори : Јадранка Марос Каракашева/ психолог, Танка Спасовска/ предметен наставник, Маја Чинго/ одд.наставник, Лила Трпчевска/ одд.наставник, Ана Динева Видоевска/ одд.наставник и координатор на проектот Наташа Јовковска.

3 za webШколското лого за МИО и парола