Свечено отварање на гумиленд

Во ООУ„ Вера Циривири-Трена“, вчера, 16.04.2014 год.  пред присутните гости, родители и наставници,беше отворен „ Гумиленд“, детско игралиште изработено од гуми. Игралиштето е плод на заедничката работа на родителите и наставниците, членови на клубот „Оптимисти“ кој е оформен оваа учебна година. Во овој клуб се членува на доброволна основа и неговите членови се секогаш спремни да одвојат дел од своето слободно време и со најразлични активности да придонесат за зголемување на квалитетот  на наставните и вонаставни активности во училиштето. Изработката на ова игралиште како идеа се роди неодамна и многу брзо истата се преточи во реалност. Родителите и наставниците, секој според своите можности работеа и во попладневните часови, но и за време на викендите. Вистинско задоволство беше да се биде дел одовој креативен тим, бидејќи целокупното работење беш пропратено со весела дружба, шеги и смеа.

Она што навистина не може да се опише со зборови е среќата и радоста на учениците кои вчера за првпат го користеа игралиштето. Дел од оваа прекрасна атмосвера може да се долови од фотографиите кои ви ги испраќаме.

Погледнете ја целата галерија.