Проект – „Програма за зајакнување на семејствата, за родители и млади на возраст од 10 до 14 години“

Нашето училиште „Вера Циривири Трена“ е избрано заедно со 10 училишта од Скопје, да учествува во пионерскиот проект, сега за сега наречен „Програма за зајакнување на семејствата, за родители и млади на возраст од 10 до 14 години“ на Министерството за правда и Државниот совет за превенција на малолетничко претстапништво.  

        Што има ново!

       Најголем предизвик во животот на родителите е да се биде добар родител. Добрата волја не е доволна за да се успее во родителството. Особено кога родителот „бие битки“ на повеќе полиња. Растргнат помеѓу обврските на работа, несигурниот статус на работното место, отказ, самохран родител, обезбедување/необезбедување на финансии и тн. претставуваат големи стресови со кои се соочува денешниот родител и тие стресови  можат да продуцираат стихијни долгорочни негативни ефекти врз нашите деца.

     Дали ќе успеам да го изведам детето на правиот пат? Дали само јас се соочувам со потешкотии кога моето дете влегува во тин период? До вчера беше мило, воспитано дете, сега е затворено и дрско одговара…Како да се справам со неговата промена? Дали ќе успеам да го заштитам од искушенијата надвор? …тоа се дел од стравовите кој секој родител ги има во себе. Затоа мораме да ја споделиме убавата вест јавно. Нашето училиште „Вера Циривири Трена“ е избрано заедно со 10 училишта од Скопје, да учествува во пионерскиот проект, сега за сега наречен „Програма за зајакнување на семејствата, за родители и млади на возраст од 10 до 14 години“ на Министерство за правда и Државниот совет за превенција на малолетничко претстапништво.

 
   

1111   За што станува збор?

         Сертифицираните обучувачи, Јадранка Марос Каракашева /психолог и Наташа Јовковска /наставник, во нашето училиште, во текот на второто полугодие планираат да реализираат 7 сесии-работилници со родители и млади, каде тие како обучувачи ќе претставуваат врзивното ткиво помеѓу родителите и младите, помагајќи им и насочувајќи ги истите како да изградат или да го одржат мостот на комуникација и доверба, воедно потсетувајќи ги на круцијалните моменти битни во раснењето на младите, покажувањето љубов и поставувањето на граници! Ова е прв проект кој директно ги вклучува главните актери, лице в лице /наставниците, родителите/старателите и младите/ во градењето на здрава платформа или негување на истата, за полесно пребродување на сите потешкотии со кои се носи родителот, во воспитувањето на детето во тинејџерскиот период. Проектот има амбиција воедно да им помогне на младите како да се спротивстават и на сите негативни предизвици кои за жал ќе ги среќаваат во текот на созревањето, сѐ со цел да се заштитат од малолетничката деликвенција. Затоа ние како одговорни од нашето училиште, несебично ќе го одвоиме нашето време и трпеливост, давајќи логистика во реализација на овој проект.

 

     Родители не сте сами!