Заедничка грижа за правилно насочување на учениците

20150216_112039

            Во оваа учебна година МОН и БРО започнаа со реализација на проектот 'Заедничка грижа за правилно насочување на учениците". Овој проект има за цел зајакнување на врската родител – ученик – наставник, преку која се овозможува јакнење на воспитната компонента во воспитно – образовниот процес во основното образование.

     За таа цел ние, наставниците од петтите одделенија заедно со своите ученици, организиравме едукативна активност со учество на родител – посета на Уставниот суд на РМ. Преку оваа активност очекувавме учениците да ги прошират знаењата за државното уредување на РМ и најважните државни институции, согласно програмата по општество за Vодделение.

    Нашата домакинка – родителката Мена Трајанова – државен советник, им овозможи на учениците практично да се запознаат со улогата и значењето на судската власт, чија главна задача е заштита на Уставот и законите. Учениците имаа можност да се запознаат со вработените во оваа институција и да ги интервјуираат за нивните задачи и важноста на нивната професија, да ги разгледаат просториите, да престојуваат во вистинска судница и на крајот на краиштата од редовите на овие ученици да изникнат новите судии.

gallery