На 20 септември 2025 година во Ресен се одржа шестата по ред поетска манифестација „Детски гласови 2025“. На настанот учествуваа млади поети од цела Македонија кои преку своите стихови ја споделија љубовта кон пишаниот збор.
Голем успех постигна нашата ученичка Јана Ставревска од VIIа одд., која ја освои првата награда со својата прекрасна песна „До каде нѐ водат соништата“. Особена радост ни донесе и пофалбата за песната „Ода за човештвото“ на Донка Китанова од VIIIб одд.
Зад нивниот успех стои посветената работа и поддршката од менторот Ана Кралевска, која ги насочува и охрабрува младите таленти во нивното творештво.
Честитки за нашите млади поетеси! Гордост е што нивниот талент и креативност се препознаени и наградени. Веруваме дека овој успех ќе биде поттик за уште многу нови стихови и поетски победи.