Карпош има Талент – го избра својот победник

Карпош има талент го избра својот победник

Карпош има Талент – го избра својот победник

Со свои театарски изведби, музички перформанси и танцувачки способности, учениците од десетте основни училишта на Општина Карпош, на традиционланата манифестација ,,Карпош има талент”, денеска се представија пред многубројната публика. Во преполната сала во киното ,,Cineplexx”, каде одекнуваа воздишките и силно се чувствуваа емоциите, младите карпошани создадоа атмосфера која доликува на едно динамично шарено детско шоу.

Во него тие го покажаа својот раскошен талент, презентирајќи ги своите уметнички перформанси како актери, пејачи и танцувачи. Оваа година, манифестацијата имаше интернационална тематика, па така сите училишта претставуваа по една држава. На овој училиштен настан кој е во организација на Одделението за образование при Општина Карпош, стручното жири имаше навистина тешка задача да одлучат кој е најдобар, а кое беше составено од Ангела Лефкова –актерка, Сара Томевска –продуцент и Гоце Андонов актер.

Ритамот на турскиот мелос одигран од таленираните ученици од ООУ „Петар Поп Арсов“, го освои првото место на традиционалната манифестација ,,Карпош има талент” , додека пак второто место го доделија на две основни училишта ,, Владо Тасевски” кои ја претставуваа Република Франција и ,,Вера Циривири Трена”, кои го пренесоа традиционалниот грчки звук. Третотто место го поделија две основни училишта ,,Војдан Чернодрински” кои ги презентираа културните специфики на Република Босна и Херцеговина и учениците од ,,Братство” кои ја претставија Република Германија.

Во рамки на ,,Карпош има талент” , беше доделена награда на ООУ ,,Димо Хаџи Димов” за најдобар краткометражен филм под наслов ,,Карпош низ детскиот објектив” и награди за најдобрата литературна творба на тема ,,За мојата општина”. Прво место освои Андреа Гаговска од ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош”, второ место Ника Златановска од ООУ ,,Аврам Писевски” и трето место Христина Маркоска од ООУ ,,Лазо Трповски” сите од одделенска настава, додека пак прво место на литературниот конкурс доби Ангела Стојаноска од ООУ ,,Вера Циривири Трена”,второ место Викторија Талеска од ООУ ,,Лазо Трповски” и трето место Андреј Стојановски од ООУ ,,Војдан Чернодрински”, сите од предметна настава. За оваа намена, Општина Карпош обезбеди и финансиска поддршка, како еден вид награда за најталентираните уметнички изведувачи.

Ликн Општина Карпош