По повод Меѓународниот ден на штедењето, денес во нашето училиште гостуваа претставници од Халк банка. Тие одржаа едукативна средба со учениците од првите одделенија, при што им објаснија колку е важно штедењето и на кои начини може да се практикува.
Преку интересна и интерактивна презентација, најмладите ученици научија како одговорно да се однесуваат со парите и зошто е добро да се штеди од најрана возраст. На крајот од активноста, претставниците на банката им поделија едукативни и пригодни подароци. Настанот помина во пријатна и весела атмосфера, оставајќи позитивен впечаток кај сите присутни.