По повод 8-ми Декември денот кога го славиме ликот и делото на Св.Климент Охридски, традиционално Градската библиотека “Браќа Миладиновци” – Другарче, распишува литературен конкурс за ученици од основните и средните училишта од Скопје.
Темата на овогодинешниот конкурс беше “Роботот што сакаше да оди на училиште”.
Нашето училиште традиционално зема учество на овој конкурс, па и оваа година земаа учество поголем број ученици, а со награди се закитија четири од нив.
Ангела Стојаноска 9-б одд. доби прва, награда за поезија, Кала Станкова 9б одд., прво место исто за поезија.
А, Луна Ѓеоргијевска, трета награда за поезија. Ментор, м-р Матилда Бајкова Ученичката Марија Милановска, од 7б одд. трета награда. Ментор, Ана Кралевска.
Традиционално Драмската секција “Глумци од утре”, настапија со свои две претстави кои ги поставија на текст од Ванчо Полазаревски од неговото дело “Сештологија”, и од збирка училишни театарски претстави од Татјана Гогова. Пиеската беше со интересен наслов “Втора Светска тепанција”, а втората претстава под “Приказната за Нова Година “. И овојпат маестралната изведба на нашите Глумци измами многу аплаузи и насмевки.
Голем подарок за нашите актери. Следат Новогодишни изненадувања од Драмската секција “Глумци од утре”!
Ментор и координаторот на секцијата – м-р Матилда Бајкова.