Category Archives: Активности

Регионален натпревар по Природни науки

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 5 април 2024 година, под менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева, наставничката по Географија и Природни науки Ленка Ѓоргоска, и одделенксите наставници Анита Петровска и Ана Видоевска – Динева земаа успешно учество на натпреварот по Природни науки за учебната 2023/24 година на регионално ниво. Натпреварите беа организирани онлајн при што менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Од учениците, 6 ученика се рангирани да продолжат на државните натпревари. Учениците го завршија регионалниот натпревар со следните успеси:

VI одделение

·        Дамјан Сиваков – I награда (пласман на државен)

·        Анастасија Николова – II награда (пласман на државен)

·        Антонија Лола Ефремова – III награда

·        Бојан Тодоровски – III награда

·        Оливија Софеска – III награда

·        Калин Ќосевски – III награда

V одделение

·        Дарјан Докузовски – I награда (пласман на државен)

·        Матеј Маневски – I награда (пласман на државен)

·        Јана Ставревска – II награда (пласман на државен)

·        Јоана Аврамовска   – III награда

·        Арсениј Манов   – III награда

·        Катја Христовска – III награда

IV одделение

·        Марко Нешовски – II награда (пласман на државен)

·        Нина Михајлоска – III награда 

·        Борис Димовски   – III награда

·        Виктор Ѓорѓиевски   – III награда

·        Симона Крстевска – III награда

Регионален натпревар по Биологија

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 29 март 2024 година, под менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2023/24 година на регионално ниво. Натпреварите беа организирани онлајн при што менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Од учениците, 6 ученика се рангирани да продолжат на државните натпревари. Учениците го завршија регионалниот натпревар со следните успеси:

IX одделение

·        Андреј Гацоски – I награда (пласман на државен)

·        Ема Маневска – II награда (пласман на државен)

·        Марија Мирческа – II награда (пласман на државен)

·        Леонтина Илиќ – III награда

·        Јана Ѓорѓијевска – III награда

·        Андреа Паскалова – III награда

·        Инес Ангелов – III награда

·        Хелена Петровска – III награда

·        Дамјан Анчески – III награда

·        Илина Милановска – пофалница

·        Сара Ставреска – пофалница

VII одделение

·        Матеј Сиваков – I награда (пласман на државен)

·        Александра Димитрова – II награда (пласман на државен)

·        Дариа Вон Дер Форст – II награда (пласман на државен)

·        Анастасија Анѓелеска – III награда

·        Елена Спировска – III награда

·        Ангела Стојаноска – III награда

Учество на ANNEX_YU регионална конференција

Во периодот од 4ти до 7ми април 2024 година, наставник ментор Дивна Карапанчева како основач на Креативен Центар Карпош беше дел од шестата ANNEX_YU регионална конференција под мотото Светот на образованието ги брише границите. На конференцијата на која беа присутни наставни кадри од сите југословенски држави каде се промовираше Среќно учење, ги претстави работилниците на среќно учење со своите креативци.

Во склоп на конференцијата, беше дел од Саемот на образование каде ги промовираше своите иновативни практики на среќно учење и на својот интерактивен штанд покажа дел од атмосферата на нашите работилници во ООУ Вера Циривири – Трена. Имаше можност да ја претстави работата на нашето училиште и да претстави дел од работилниците кои ги имаме организирано. Дополнително, наставничката Дивна се претстави и на „Балканската зборница„ каде помеѓу различните споделени искуства, се истакна со искуствата од организираните работилници во нашата Стаклена градина и целосно го примами вниманието на присутните. Конференцијата продолжи и со доделување на титулата Najbolji nastavnik bivše Jugoslavije на наставничката Дивна Карапанчева.

Оваа конференција всушност претставуваше можност да ги истакнеме и споделиме стекнатите искуства и знаења, да го претставиме нашиот начин на позитивно и среќно учење и да поттикнеме уште многу млади ученици кон истражувачка работа, при што се договорија вмрежувања и соработка со други учесници на конференцијата Бања Лука 2024.

Резултати од регионален натпревар по математика

Резултати од регионален натпревар по математика 2023-2024г

Име и презимеОдделениеМенторВкупно
Виктор Ѓорѓиевски4Ана Видоевска -Динева3 награда
Матеј Маневски5Сузана Аспровска1 награда
Марта Доновска5Маја ЧингоПофалница 
Андреј Богоевски5Маја ЧингоПофалница 
Дарјан Докузовски5Маја Чинго3 награда 
Јана Ставревска5Маја Чинго2 награда 
Дамјан Сиваков6Јасмина Сретеноска1 награда 
Тамара Нестороска6Јасмина Сретеноска1 награда 
Александра Димитрова7Гордана Ѓорѓиевска1 награда 
Матеј Сиваков7Гордана Ѓорѓиевска1 награда 

Одбележавме Светскиот ден на Даунов синдром

Различностите во нашето сакано училиште ги прифаќаме и затоа тоа не прави да бидеме добри луѓе .

21 Март датум кој симболично е одбран поради трите копии на 21 хромозом на овие лица.

По тој повод денеска го одбележавме Светскиот ден на Даунов синдром.

Лица кои знаат да сакаат безусловно онака како што би требало да сакаат сите.

Одбележување на денот на водите

Како и секоја година така и оваа, учениците од IVа одделение, како и учениците на часовите по биологија и природни науки, со задоволство го означуваат 22 Март-меѓународниот ден на водите. Водата е извор на живот. Денес ги повторивме знаењата и ги проширивме за уште многу факти за кои предходно истражувавме. Го знаеме значењето на водата и затоа и понатаму ќе се грижиме за неа.

Одбележување на денот на екологијата и пролетта

21 Март – Денот на екологијата и пролетта, учениците од нашето училиште го одбележаа со еко- активности заедно со своите наставници. Се садеа сезонски градинарски цвеќиња во Еко градината, се засадија донирани дрвја- Туји, од Елколект и наши соработници од локалната заедница. Се чистеше и се обновуваше зеленилото околу училиштето, се поттикнуваше еколошката свест кај жителите преку Еко- пораки од учениците кои ги делеа на минувачите, а од кои изработија и постер како допринос кон чиста средина и здрав живот. Задоволните лица на учениците и наставниците, чистиот двор и новите садници е мала промена за заеднички да го намалиме загадувањето и да живееме во поздрава животна средина.

Меѓународниот натпревар по математика КЕНГУР 2024

На ден 21.03.2024 во нашето училиште се организираше меѓународниот натпревар по математика КЕНГУР 2024.Одговорен наставник за организација и реализација на натпреварот беше Анита Петровска.На натпреварот земаа учество 64 ученика од II до V одделение.Натпреварите по математика секогаш се предизвик за нашите ученици,за проверка на сопствените знаења и развивање на натпреварувачки дух кај учениците.

Општинскиот натпревар по Англиски јазик

На 16.03.2024 година, во ООУ,, Кирил Пејчиновиќ” – Кисела Вода, се оддржа општинскиот натпревар по Англиски јазик, каде учениците од ООУ,, Вера Циривири-Трена”, под менторство на наставничките Александра Чочевска и Кристина Николовска-Велковска, го постигнаа следниот успех:
Димитар Спасов од V одд. – I место со освоени 92 поени
Калина Ачкоска од VI одд. – III место со освоени 68 поени
Александра Димова од VII одд. – I место со освоени 97 поени
Ангела Николиќ од VIII одд. – III место со освоени 78 поени
Ема Маневска од IX одд. – II место со освоени 88 поени

Час по Франкофонија – Белгија

Месец март е месец на Франкофонијата во сите земји членки на Франкофонијата. Во чест на Франкофонијата под покровителство на Француската амбасада и Францускиот културен центар, во Македонија има многу активности, организирање натпревари, разни приредби, месец на франкофонски филмови во кој се претставуваат филмови од различен жанр.

Што претставува франкофонската организација? Каде се наоѓа Белгија? Кој е главен град на Белгија? Кој јазик се зборува? Од каде се стриповите Луки Лук, Снупи, Штрумпфови? Каде се наоѓа Атомиумот? Каде се наоѓа седиштето на Европскиот парламент? Како е создадена скулптурата ,,Детето што мокри“? Како се прави најубавиот помфрит во светот? Кој има најубаво чоколадо во светот? Кои се други белгиски специјалитети?

Денес, 18.3.2024 година, во ОУ „Вера Циривири-Трена“ на учениците од Vа, Vб, IVв одделение, под раководство на наставничките Сузана Аспровска, Маја Чинго и Соња Силјановска им беше испишана бајка за Белгија. Бајката за Белгија им ја создаде почесниот конзул на Белгија госпоѓа Елена Никодиновска. Госпоѓа Елена Никодиновска со голем елан и жар им ја претставуваше Белгија со сите свои особини и квалитети. Учениците беа заинтересирани и секоја информација ја слушаа со голем интерес. Потоа, на презентацијата се приклучи и познатиот гастрономски шеф Марк де Јонг кој учениците го препознаа од малите екрани. Марк де Јонг учествуваше неколку години во својство кулинарски шеф во квизот ,,Брза кујна“ и секако беа воодушевени од неговото присуство.

Исто така, беше присутна и наставничката по француски јазик Силвана Јорданова и директорката на училиштето Светлана Шајновска. Учениците беа среќни и задоволни од презентацијата и посакаа и другпат да има вакви слични презентации.