Category Archives: Активности

Работилница Весела градина

На 7ми јуни КЦК ја одржа последната работилница за оваа учебна година во нашата стаклена градина со наслов Весела градина. Работилницата беше организирана од страна на наставник ментор Дивна Карапанчева и учествуваа ученици од повеќе училишта од општината. Во опуштена работна атмосфера, фокус имаа три активности и тоа правење на свој екосистем (терариум) во тегли, креирање вертикални градини како и шарени саксии преку кои учениците ја покажаа својата креативност. Учениците ги земаа своите изработки дома и се договорија да ги сликнат истите во септември за да се види растот на растенијата. На крајот учениците се запознаа со резултатите од експериментите поставени минатата година во рамки на работилницата Сееме и садиме, а кои се однесуваат на фотосинтезата и развојот на насадите.

Државниот натпревар по Македонски јазик

На Државниот натпревар по Македонски јазик кој се одржана 31.05.2025 год. одд.
Ученичката Матеа Мирческа од 9 б одд. го освои Второто место.
Ментор: м-р Матилда Бајкова

Државен натпревар по Биологија

Учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена” на 31 мај 2025 година, под менторство на наставничката по Биологија Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2024/25 година на државно ниво. Натпреварите беа организирани на ПМФ со физичко присуство Учениците го завршија државниот натпревар со следниот успех:

  • Антонија Лола Ефремова (7 одделение) – I награда
  • Тамара Нестороска (7 одделение) – II награда
  • Александра Димитрова (8 одделение) – II награда
  • Дариа Ева Вон Дер Форст (8 одделение) – III награда
  • Оливија Софеска (7 одделение) – Учество

Честитки за прекрасните успеси на нашите вредни ученици!

Државен натпревар во атлетика

На 19.05.2025год. се одржадржавен натпревар во атлетика во Куманово.Нашето училиште го претставија Софија Илиевска 9 одд. во дисциплина трчање 600 метри каде се закити со златен медал и стана државен првак , Јана Ставревска 6 одд. настапи во две дисциплини : трчање на 60 метри и освои трето место во групата во која се натпреваруваше , а во категорија фрлање на ѓуле постигна одлични резултати .

Јуниорска македонска математичка олимпијада

Ученикот Матеј Сиваков од 8 одделени од ООУ „Вера Циривири – Трена” на 18 мај 2025 година, учествуваше на Јуниорска македонска математичка олимпијада на која освои бронзен медал . Честитки за одличниот успех на Матеј ,му посакуваме голем успех на Јуниорска балканска математичка олимпијада 2025г.

Државен натпревар по Англиски јазик

Учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена” на 10 мај 2025 година, под менторство на наставничките по Англиски јазик Кристина Николовска-Велковска и Александра Чочевска, земаа успешно учество на натпреварот по Англиски јазик за учебната 2024/25 година на државно ниво. Натпреварот беше организиран од ЕЛТАМ со физичко присуство и учениците го завршија државниот натпревар со следниот успех:
Александра Димитрова (8 одделение) – I место со освоени 92 поени
Симон Стојановски (6 одделение) – III награда со освоени 84 поени
Честитки за одличниот успех на нашите вредни ученици!

Државен натпревар по Природни науки

Учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена” на 18 мај 2025 година, под менторство на наставничката по Природни науки Дивна Карапанчева и наставничката Алмедина Адемовска земаа успешно учество на натпреварот по Природни науки за учебната 2024/25 година на државно ниво. Натпреварите беа организирани на ПМФ со физичко присуство Учениците го завршија државниот натпревар со следниот успех:

  • Нина Михајлоска (5 одделение) – I награда
  • Ана Марија Темова (4 одделение) – I награда
  • Мартин Брашнарски (4 одделение) – II награда
  • Дарјан Докузовски (6 одделение) – III награда
  • Бора Аго (6 одделение) – III награда
  • Јана Ставревска (6 одделение) – III награда
  • Јоана Аврамовска (6 одделение) – Учество

Честитки за прекрасните успеси на нашите вредни ученици!

Во поход на нови знаења и вештити од напредната технологија

На 14.05.2025 год е реализирана уште една во низата успешни соработки со родители.Учениците од V a одделение во соработка со проф.др Виктор Илиев во посета на Машинскиот факултет и ФЕИТ во поход на нови знаења и вештити од напредната технологија.Беа посетени лебораторијата за Аеродинамика и Механика на флуиди,лабораторија за Мехатроника,лабораторија FAB LAB за 3D дизајн и принтање а беа и дел од натпреварот по роботика RoboMac junior 2025.Збогатени со нови знаења,поставени пред нови предизвици, чекориме по патот на успехот. https://feit.ukim.edu.mk/ https://www.mf.ukim.edu.mk/

Меѓународен математички натпревар Кенгур 2025

Дружење на Инклузивниот настан “ГУШ И БАЦ Е ЉУБОВ”

Денес на 11.05.2025 во 11:00 часот на ШКОЛКА се дружевме на Инклузивниот настан “ГУШ И БАЦ Е ЉУБОВ” учествуваа ученички од ООУ,,Вера Циривири Трена” Калина Симоновска ученичка во 7 одд. со песната,,Ѕвона” и Нела Манческа ученичка во 8 одд. со песната,,Зајди,зајди” ментор Слаѓана Чекичевска.
Благодариме за поканата за настанот Denis Jankulovski. 🌹❤️🌹❤️