Учество на 7ма Регионална наставничка конференција “Светот на образованието ги брише границите” – Велика Горица 2024 

Во период од 28 ноември до 1 декември 2024 година во Велика Горица се одржа 7ма Регионална конференција под мотото “Светот на образованието ги брише границите”. На истата учествуваа повеќе од 200 наставници, професори, воспитувачи и образовни лидери од шест земји вклучувајќи ја и наставник ментор Дивна Карапанчева. Целта на конференцјата е да ги инспирира и поврзе наставниците од различните земји на Балканот поттикнувајќи ги на меѓусебна соработка и разменување на образовни практики и идеи. Во четирите дена од Конференцијата учесниците имаа прилика да следат инспиративни предавања од странски  стручнаци од различни образовни области. Исто така, имаа можност и да разменуваат искуства и идеи преку работилници , панел дискусии, но и да ги промовираат своите наставни практики и идеји на Саемот на образованието. 

На саемот наставничката Дивна учествуваше со свој сопствен штанд промовирајќи ја нашата Дигит Био Градина каде преку интерактивни дигитални алатки прикажа активности од стаклената градина. Беше и дел од тимот од Македонија под името Екоемпатија, кој го освои највисокото место. 

Овогодинешната конференција ја завршивме успешно со низа сертификати и дипломи, додека 2025 година се гледаме во Охрид на осмата конференција!