Работилница Весела градина
На 7ми јуни КЦК ја одржа последната работилница за оваа учебна година во нашата стаклена градина со наслов Весела градина. Работилницата беше организирана од страна на наставник ментор Дивна Карапанчева и учествуваа ученици од повеќе училишта од општината. Во опуштена работна атмосфера, фокус имаа три активности и тоа правење на свој екосистем (терариум) во тегли, креирање вертикални градини како и шарени саксии преку кои учениците ја покажаа својата креативност. Учениците ги земаа своите изработки дома и се договорија да ги сликнат истите во септември за да се види растот на растенијата. На крајот учениците се запознаа со резултатите од експериментите поставени минатата година во рамки на работилницата Сееме и садиме, а кои се однесуваат на фотосинтезата и развојот на насадите.



