Daily Archives: февруари 13, 2025

Проект “Наша мала библиотека”

Како дел од проектот “Наша мала библиотека” учениците од 2б одд ја обработија книгата “Господин Нудла и едрилицата”, активно учествуваа во обработка на книгата, извлекуваа поуки и на крајот нивната креативност се покажа на дело со изработката на едрилица од сунѓер и пластични цевки.

Одбележувањето на “Ден за побезбеден интернет”

На настанот по повод одбележувањето на “Ден за побезбеден интернет”, нашите ученици од осмо и деветто одделение земаа учество со свој видео запис во кој го искажуваа своето мислење на тема :Интернет безбедност. Споделија свои мислења како да се подобри безбедноста на интернетот и социјалните мрежи.
Честитки на нашите смели и самоуверени ученици. 💻👩‍💻📂🔐🌐.