Monthly Archives: мај 2022

Златен медал за нашиот Војдан

Нашиот ученик, Војдан Паламидовски на 08.05 2022 освои прво место
Златен Медал во карате на Државен Шампионат на МАКЕДОНИЈА во традиционално карате, категорија деца 6-7 години.1 2

Проект за заживување на наставата по француски јазик во образовниот систем

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Министерството за образование и наука на Северна Македонија, отпочнаа голем проект за заживување на наставата по француски јазик во образовниот систем во земјава и во регионот. Настанот на којшто беше презентиран овој проект, којшто има за цел зголемување на динамиката на наставата по француски јазик во основните училишта и олеснување на изборот на францускиот како втор странски јазик, беше отворен од страна на Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и г-дин Јетон Шаќири, Министер за образование и наука. Голема благодарност до г-дин Стевчо Јакимовски, Градоначалник на општина Карпош, и до г-дин Горан Стојанов, Градоначалник на Неготино, за споделувањето на нивните искуства во наставата на француски јазик во училиштата во тие општини. Благодарност за присуството и до градоначалниците, директорите на училиштата и професорите по француски јазик опфатени со овој голем проект!

sl1 sl2 sl3 sl4