🏫 ООУ „Вера Циривири–Трена“ – Скопје е општинско деветгодишно училиште. Лоцирано е во населбата Карпош 2 на ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 9. Училишната зграда е изградена во 1963 година, а дневниот престој во 1975 година од тврд материјал. Начинот на загревање на училиштето е со обновливи извори на енергија ♻️.
🌍 Реонот на училиштето ја опфаќа територијата на урбаната заедница Карпош 2:
Исток: ул. „Никола Тесла“
Север: бул. „Илинден“
Југ: бул. „Партизански Одреди“
Запад: ул. „8 Септември“
📐 Површини:
Внатрешна површина: 3189 м²
Училишен двор: 7787 м²
Спортски терени: 1180 м² ⚽
🌱 Училиштето има 5 градини и еко-проекти:
- 🌿 Градина под фолија – подигната со помош на грант од МИО активности.
- 🏡 Стаклена градина – со грант од Фонд за иновации и технолошки развој во соработка со МОН.
- ♻️ ЕКО градина – од рециклиран материјал, создадена со помош на наставници, родители и ученици.
- 📝 Еко училница – за одржување на настава со заедничка работа и мотивираност на наставници, ученици и родители.
- 🌳 Еко парк.
- 🏆 Училишен спортски клуб „Циривири“ – основан учебната 2022 година.
👩🏫 Ученици и персонал:
Работи во смена и половина
444 ученици во 19 паралелки
48 вработени
Наставата се изведува на македонски јазик
📚 Училиштето организира продолжен престој за учениците од 1-во до 3-то одделение, а за учениците од 4-то одделение по одлука на Советот на Општина Карпош.
🤝 Збратимени училишта:
ОУ „Кочо Рацин“ – Прилеп
ОУ „Шандор Петефи“ – Нови Сад (Р. Србија)
ОУ „Братство“ – Скопје
ОУ „Јахја Кемал“ – Скопје
🎉 Патронен празник: 15-ти Мај
ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО
🏫 Општинско Основно Училиште „Вера Циривири – Трена“ – Скопје
📍 Седиште: ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 9, Карпош, 1000 Скопје
📞 Контакт: 02 3068-507
📧 E-mail: oou.veraciriviri@gmail.com
🆔 Матичен број: 4062779
💰 Даночен број: 4030994160843
📅 Датум на основање: 10.06.1994 г.
👩💼 Овластен застапник: Директор Соња Јовановска
