OPEN EDUCATION CONFERENCE 2025
учество на м-р Матилда Бајкова во панел дискусија за Отворени образовни ресурси (OER)
Во Денвер, Колорадо, САД од 28-30.10.2025 год. се одржа образовна конференција, OPEN EDUCATION CONFERENCE 2025 која по својот формат беше хибридна.
Конференцијата беше наменета за практичари, професори, истражувачи и застапници кој ја исцртуваат можноста за отворено учење и образование.
Во два дена, постоеја 150 и повеќе сесии кои ги истражуваа отворените образовни ресурси (OER), нивното публикување, користење на нови технологии и многу повеќе од тоа.
Во хибридниот формат на оваа образовна конференција се поврзаа од Денвер, Колорадо но и од целиот свет.
Во рамките на хибридниот формат на 30.10.2025 во 14.00 часот по македонско време, на Панел дискусијата насловена како Opening New Horizons: Global Voices in Open Educationнашиот наставник по македонски јазик, м-р Матилда Бајкова во групата со свои колеги од Универзитетот Нова Горица од Р. Словенија на која заврши мастер програма Leadership in Open Education, стипендирано од UNESCO, и Владата на Р. Словенија,со свое видео излагање елаборираше за состојбата на OER во Македонското образование како и нејзиниот личен придонес во зајакнување на овие ресурси особено за ученици во инклузивна училница кои имаат потешкотии во учењето и посебни образовни потреби.
Ова е редок пример на наставник од нашата земја да учествува директно во панел дискусии на ваков вид конференции. Ова не епрв пат наставничката м-р Матилда Бајкова да нè претставува низ светотна различни образовни настани.