Професионален развој во нашето училиште

Во следниот период во нашето училиште ќе се одржи интерна обука за зајакнување на професионалниот развој на наставниците. Обуката Организирање на иновативни воннаставни активности ќе има за цел преку практични примери да ги посочи наставниците кон организирање на активности каде учениците преку критичко размислување ќе ги надополнуваат своите знаења. Наставникот ментор Дивна Карапанчева своето искуство ќе го сподели како обучувач и организатор на оваа обука. Обуката ќе се одржи во Стаклената градина во дворот на нашето училиште.