Одбележување на Денот на Св. Климент Охридски - ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ ТРЕНА“

Одбележување на Денот на Св. Климент Охридски

Одбележување на Денот на Св Климент Охридски 04 12 2025

Одбележување на Денот на Св. Климент Охридски

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во соработка со ООУ „Вера Циривири Трена“, го одбележа Денот на Св. Климент Охридски со креативна активност во училишните простории. Учениците изработија тематски пораки поврзани со Еразмус+, eTwinning и зборот „Љубов“ испишани на глаголица – азбуката на која творел големиот просветител Климент Охридски. Во проектот учествуваа ученици од VII и VIII одделение со наставничките Ана Кралевска и Даниела Илиевска Стојчева. Настанот претставува убав спој на европските образовни вредности и македонската културна традиција, нагласувајќи го значењето на љубовта кон знаењето и писменоста.