На 09.09.2025 год.во нашето училиште Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари како дел од програмските активности на Општина Карпош, реализираше работилница за ученици од осмо и деветто одделение на тема: “Пубертет”. Учениците имаа можност да научат повеќе за хормоните, емоционалните предизвици, периодот на пубертетот и хигиената за време на пубертетот.
Работилницата ја одржа Спец. д-р Огнен Богданоски кој на забавен и непосреден пристап кон учениците го објасни овој природен процес.
#ЕдукацијаЗаПубертет #РепродуктивноЗдравје
