м-р Матилда Бајкова учесник и презентер на VII ЕдуКонференција - ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ ТРЕНА“
Educonference 29 09 2025

м-р Матилда Бајкова учесник и презентер на VII ЕдуКонференција

м-р Матилда Бајкова учесник и презентер на Седмата Образовна конференција „Пријатели на образованието“ за ВИ во образованието

VII ЕдуКонференција за наставници и IT експерти во полето на ВИ во образованието се одржа во Струга од 27-28.09. 2025 год. темата на овогодинешната конференција беше Вештачката интелегенција во наставата и во образовниот систем.
Наставничката м-р Матилда Бајкова како долгогодишен поборник на процесот на доживотно учење, но и вљубеник во технологијата и новите алатки и овојпат сподели со своите колеги најнови алатки кои ја користат ВИ во наставата и во воннаставните активности. Таа е проф. по македонски јазик, која се занимава и со истражувачка дејност во полето на посебните образвни потреби и инклузијата во училницата и вешто ги користи алатките од последните технолошки достигнува за да допре до секој ученик.
„ВИ Калеидоскоп“беше работулница -Саем во рамките на оваа конференција на која 20-тина колеги од цела Македонија ги претставија своите изработки и трудови направени со помош на образовни алатки, платформи кои ја користат и ВИ. Таа се претстави и со игровната активност за која во Август 2025 год. беше квалификувана како високо квалитетна игровна активност од страна на ДИГИТЕд направена со помош на ВИ, од сферата на јазикот а со цел за темата „Безбедност при користење на интернет“. Оваа активност а достапна во делот Отворени образовни ресурси на страницата ( Игровни активности за едукација за сајбер безбедност – Центар за иновации и дигитална едукација ) под името тајната мисија на Ангела:Тајната мисија на изгубените ракописи, наменета за ученици од предметна настава.
ВИ нема да ги замени наставниците ама ќе ги направи поподготвени за новото време кое доаѓа.

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе