„Прием на првачиња“

Првиот училишен ден... Повеќе »

Нашиот патрон

OУ „Вера Циривири Трена“ – Скопје е централно самостојно деветгодишно училиште. Лоцирано е во населбата – Карпош 2 Повеќе »

Нашиот колектив

Нашиот колектив Повеќе »

Отворен ден за идните првачиња

На гости ни дојдоа идните... Повеќе »

Секогаш во врвот

Не случајно сме најдобри... Повеќе »

 

ПОЧЕТНА

Vera za slide show

 

OУ „Вера Циривири Трена“ – Скопје е централно самостојно деветгодишно училиште. Лоцирано е во населбата – Карпош 2 на улица „Руѓер Бошковиќ“ бр.9. Училишната зграда е изградена во 1963 година, а дневниот престој е изграден 1975 година од тврд материјал. Зградата е приклучена на градска топлификациона мрежа.

Реонот на Општинското основно училиште „Вера Циривири Трена“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Карпош 2 што се простира на исток до ул „Никола Тесла“, на север до бул „Илинден“, на југ бул „Партизански Одреди“и на запад до ул „8 Септември“

Училишниот простор изнесува 3600 м2 и 10080 м2 голема уредена дворна површина: асфалтирани спортски терени, игралишта, патеки и уреден дел како парк. Училиштето работи во смена и половина за 404 ученици распоредени во 20 паралелки, а се вработени 45 лица. Наставата се изведува на македонски јазик. Училиштето организира и продолжен престој за своите ученици. ОУ „Вера Циривири Трена“ е збратимено со ОУ „Кочо Рацин“ – Прилеп и ОУ „Шандор Петеси“ – Нови Сад (Р. Србија)

Патронен празник на училиштето е 15-ти мај