Новинарски клуб
Во ООУ “Вера Циривири – Трена” Скопје, по долги години на час по лектира, ни гостуваше писателот за деца и млади, Горјан Петревски.”Споменка” беше поводот, но разговорот одеше до таму што ги “растресовме” и другите негови дела меѓу кои: “Исти очи”, “Снеговите на Клементина Евин”, “Сама”, “Марта”, “Другата Марта”, расказите. Љубопитноста голема од страна на учениците,остави простор писателот да вети дека повторно ќе се сретне со нив. Учениците од 8а и 8б одд. од Вера, имаа интересен час по лектира, кој го запечатија со фото сесија за спомен и автограми со посвета на почетната страница од прочитаната книга.
✨Подарокот од учениците, портрет од нашата уметница Марија ❤️🎯🖼️🎨 Лилјана Цвијановиќ од 8б, беше вистински подарок пред празничните денови.
Задоволство беше да се поразговара со поетот, кој е добредојден во нашето училиште.




Драмската секција “Глумци од утре” заедно со Медиумскиот клуб”Студио на Новинарски ѕвезди”, по повод престојниот празник посветен на Св.Климент Охридски”, 8 -ми Декември, но и на денот на раѓањето на последниот кодификатор академикот Блаже Конески подготвија пригодна приредба. Со звуците на Тропарот за Св.Климент и презентацијата на 9-то одделенката Калина Добреска наменета кон ликот и делото на Св.Климент Охридски. Изразно се говореа сопствени творби за Св.Климент како и дел од Похвалата за Кирил Филозоф.
Вториот дел беше посветен на академик Блаже Конески кој во овој месец ќе полнеше 103 год. За одбележување на 103 годишнината од неговото раѓање се потсетивме на “Тешкото”, како песна од творештвото на Конески кој го одбележа неговиот поетски опус. Презентацијата на учениците од 8-мо и 9-то одделение покажа дека неговото дело е наш јазичен идентитет. Со убави емоции ве поздравуваме!


Медиумскиот клуб “Студио на Новинарски ѕвезди” од нашето училиште, кој и оваа година ќе бидат поддржани од МИМ во рамките на проектот Младите размислуваат, се опреми со современа технологија за снимање подкасти на различни теми. Секој месец е посебен и темите кои ги покриваме исто така. Октомври беше месец на книгата, затоа новата опрема ја искористивме за Нова епизода – Книгата како медиум, -гостин во студиото на Новинарските ѕвезди беше раководителот на библиотеката Другарче, вишокот библиотекар, Силвана Јакимова. Следете не’!



По повод 11 -ти Октомври, денот кога прв пат пукна револуционерната пушка заослободување од окупаторот во Прилеп и Куманово, се огласи утрински и нашиот училишен разглас, со пригодната програма “Разбудете со нас”. Програмскиот појас денеска беше во знакот на празникот. Податоци, историски факти проследено со пригодната авторска песна од творечкиот опус на познатитот Ацо Шопов. “Очи”, е песна сведок за пожртвуваност и доблест на револуционерите за време на Втората светска војна. Вечна слава и благодарност до сите нив. До Вера Циривири-Трена, Вера Јоциќ, Страшо Пинџур, Мирче Ацев Многу знајни и незнајни борци за мирна сегашност и безбедно детство!
Новинарскиот клуб “Студио на Новинарски ѕвезди” ви посакува убав празничен ден!
Следете не’ !



Ученичките Ана Ѓуровска, Калија Геориевска, Марта Караева, Леона Тодоровска, Ангела Стојаноска, од Драмската секција “Глумци од утре”, во саботата на 15.6. земаа учество во завршната Манифестација “Читањето е супер моќ”, која се одржа во најголемиот продажен салон Литера мк. во Дајмонд Мол, во организација на Издавачката куќа “Арс Ламина”. Тие настапија како единствени големи другарчиња, од Општина Карпош и од ООУ. Едночинката “Озборувачки”, беше драмското парче. Со тоа ја заокружуваме работата на Драмска секција за оваа учебна година. Координатор: м-р Матилда Бајкова, проф. по македонски јазик литература
Благодарност до родителите за логистичката поддршка. Убав распуст од нас за сите Вас! Се гледаме во Септември









На 20.12 на средба со членовите на Новинарскиот клуб “Студио на Новинарските ѕвезди” овојпат гостуваше Сребра Ѓорѓиевска, долгогодишен новинар и еден од креаторите на порталот УМНО.мк. Таа ја водеше работилницата “Портали”! Со членовите од нашиот клуб зборуваше, за тоа што претставува е порталот, за новинарската професија во 21- век, како се прави, и уште многу прашања кои љубопитните новинарчиња од клубот структурирано и ги поставуваа.Нашата гостинка ги запозна, упати и им даде основни технички информации и насоки за поимите, техниките и некои од Новинарските тајни. Работилницата имаше и интерактивен карактер каде младите новинари учеа како да состават вест и осврт.
Со оваа активност, која е последна од оваа календарска година, ви посакуваме, поубави вести во Новата 2024, убави празнични денови. А, ние ви се јавуваме веќе во Јануари со нови и интересни содржини.
Следете ја следната активност на Новинарскиот клуб”Студио на новинарски ѕвезди”!


Членови од Новинарскиот клуб “Студио на новинарски ѕвезди” денеска на вистински поткаст!
Да видиш насмевка на лицата на дечињата, е благослов кој ретко кој го доживува, имам голема среќа,✨🪄денеска денот беше токму таков, среќен, насмеан,весел,едукативен, распеан,сончев.Полн со насмевки и спомени кои ќе останат!🌻🌟🌞
Дел од членовите на Новинарскиот клуб на покана од Јуроп Хаус ПОТКАСТ со Тамара РИСТОВСКА, беа на снимање на денешните гости Дритон Вејсели(Таљат од Преспав) и Ана Стојановска (“Кајмак” и др.), актери но, овојпат како дел од емисијата “Радиус”.🎤🎬📹
🪄Учевме на лице место, а по снимањето, фото сесија со тројцата актери, и секако зачинето со песна од златното грло на Нела М.
Благодарност до
https://www.facebook.com/EuropeHouseSkopje
Tamara Ristoska, логистичката поддршката од мама Мими❤️
радости
деца
МедиумскаПисменост
НовинарскиКлуб
На 4.12 на средба на членовите на Новинарскиот клуб “Студио на Новинарските ѕвезди” им гостуваше Тамара РИСТОВСКА, актерка и ПОТКАСТ водител. Таа ја водеше работилницата “ПОТКАСТ, што е ПОТКАСТ, како се прави, зошто ПОТКАСТ интервју!” во која ги запозна, упати и им даде основни технички информации и насоки за реализирање на истите на членовите на клубот.На работилницата се импровизираше ПОТКАСТ интервју, а гостинката помогна во концепцијата и формирањето на прашањата и целиот сет на поткастот. Следете ја следната активност на Новинарскиот клуб”Студио на новинарски ѕвезди”!


Во текот на месец Ноември на апликацијата за формирање Новинарски клуб во училиште се јави и нашето училиште. Со позитниот одговор почна една нова приказна за медиумската култура и писменост на учениците. Проектот е на УСАИД и носи наслов “Младите размислуваат поддржан од IREX, МИМ, МОН И БРО.
ССе одржа и дводневна обука за координаторот на Новинарскиот клуб, за техниките, начинот и организација на активностите на истиот. Координатор од нашето училиште е наставникот по македонски јазик и литература, м-р Матилда Бајкова, која и претходно водеше вакви активности.
Кога децата се водат од креативноста и знаењето доаѓа во истовреме. Со среќа на младите новинари!!!
Честитки за Новинарскиот клуб!!!
