НАШИОТ ПАТРОН

ВЕРА  ЦИРИВИРИ  ТРЕНА

Животот на големите личности, не ретко, започнува едноставно, а продолжува со големи дела кои остануваат запишани во историјата. Токму така животот го започнала и го завршила Вера Циривири од  Прилеп, исполнет со мали и големи грижи, како и на многу тогашни девојки и момчиња.

Родена е 1920 година, од мајка Васка и татко Коста Циривири. Година кога трае  прогонот на напредните и прогресивните. До своите пет години таа не знаела за татко и, бидејќи тој е осуден на тешка робја  и се наоѓал во Пожаревачкиот затвор. Мајката Васка, заедно со својата ќерка Вера, секое изгрејсонце го пречекувала во бескрајните широки тутунови полиња.

За керката на некогашниот робијаш нема место во училуштето а таа е најдобрата ученичка. Нема место за работа и корка леб и за нејзиниот татко, кој го прегрнува печалбарството како единствен излез и заминува за Белград каде работи како шивач.

Работата во Монополот и го нагризува здравјето. Принуден е да се лекува и заминува во Белград. Во тоа време шивачкиот дуќан на Коста Циривири на улицата "Босанска° во Белград било познато сврталиште на познати револуционери, уметници и поети од Македонија: Мирче Ацев, Пинџур, Борка Талески, Питу,  Рацин и други. Со сите нив Вера станала истомисленик околу истата идеја – национално и социјално ослободување на Македонија.

Маладата Вера како ќерка на бивш робијаш и револуционер, а воспитана во патриотски дух, ќе го прифати она што го носи во срцето: наместо невестински фустан – револуционерни идеи. Младоста и револуционерниот  дух ја носат Вера на кружоци, штрајкови, активистичка работа меѓу младите, пренесува илегална напредна литература во Македонија, и повторно да се најде во прилепскиот монопол. Сувите и гладни години во фабриката за жолто и смртоносно злато ќе бидат сменети со нови искушенија, но веке како член на КПЈ и раководител на скоевската група.

Во приквечерирто на востанието во Македонија 1941 год, Прилеп осамнува со летоци што носат повик на востание. Вера е актерот на многу акции од овој вид како и во подготовките на востанието.

За време на окупацијата Вера  била меѓу првите што се приклучува во НОБ. Оди од село во село, од град во град со задача да агитира за вооружена борба против окупаторите. Нејзината партиска активност ќе ја стави на нишанот  на оѕверениот окупатор кој трага по комунистот познат по неговото име – Трена. Во повеќе места Вера се претставувала како Трена, некаде како Светлана, некаде како Ленче или Цвета.

 Бугарските окупаторски власти давале 20.000 лева за да ја фатат жива. Народот ја крие Трена –ја затрупува во снег, 3 месеци ја кријат во пештера која и денес  народот од Кавадаречко ја нарекува Тренина пештера, ја преоблекуват во народна-селска носија, се претставувала како невеста на првото момче што ќе го сретне по патот за да ја мине полицијата. Таа била многу убава девојка со црна коса и зелени очи, и многу често впечатливата убавина и помагала да ги минува бариерите.

Последната година од окупацијата, Главниот Штаб ја праќа во Штип за обнова на партиската организација, каде останува неколку месеци . Во месец  јули Штип е под блокада. Вера треба да го напушти градот. Дента пред да загине Вера, од одредот кој бил во планината бил испратен курир кој требало да ја предупреди и таа да се повлече, но поради многуте контроли и барикади во градот, курирот не упеал да ја најде.

Ноќта на 14 јули 1944 година, куќата во која се наоѓала ја блокира полицијата. Полицијата имала детален опис на Вера. Вера се подготвила за бегство, ги фрлила чевлите и боса почнала да бега кон соседните куќи. Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја соседна куќа, паѓа погодена од полициските агенти кои ја гонеле. И пред да ги затвори очите, со силен глас извикала: "Ние ќе победиме! Ние ќе победиме!°.

 Во тој момент за да не се предаде жива во рацете на непријателот, Вера се самоубила. Мртвото тело на Вера Циривири-Трена бугарските полициајци го избоделе со бајонети и го фрлиле во Брегалница, надевајќи се дека од неа нема да остане трага. За среќа, таму се нашол некој овчар и сам ја погребал подалеку од реката Брегалница.

Дури кога завршила војната, овчарот кажал каде лежи погребана Вера, ја откопале и однеле во нејзиниот роден Прилеп. Над ковчегот, нејзината мајка Васка, најблиските, храбрите Македонци ке се потсетат на зборовите на Вера, упатени до мајка си:

„Јас одам мајко,можеби ќе загинам, слободата бара жртви…“

Денес нејзиното име го носат многу улици, градинки, училишта во Скопје, Прилеп, во Битола, односно речиси во сите градови низ кои се движела Вера.
Вера е најголема гордост за нејзиното семејство, а ние сме горди што во нашето училиште учеле синовите на Илија Циривири (брат на Вера), Јасмин и Константин,  синовите на Јасмин- Илија и Душко, внуци на Вера Циривири – Трена. 

Изработила:

Танка Спасовска – проф. по историја – ООУ „Вера Циривири – Трена“