Category Archives: мио

Работилница за ЕКО училница под мото”Дружба без граници”

На 04.12.2023 се реализира втората работилница за ЕКО училница под мото”Дружба без граници”. Преку активностите се продлабочи соработката со партнер ООУ”Братство” согласно стратегијата за мултиетничка интеграција во образованието. Во новосоздадената училница се реализира првиот час кој опфати презентација на слоевите и видови почви, дискусија за напредокот на засадените билки и изработка на проекти од страна на учениците. Активностите поминаа во пријатна атмосфера која на крајот беше збогатена со роденденска прослава.

с6 с5 с4 с3 с2 с1

“ Дружба без граници” соработака со партнер училиштето “ Братство”

На 12.10.2023 во нашето училиште ООУ” Вера Циривири – Трена” се одржа средба со партнер училиштето “ Братство” согласно стратегијата за мултиетничка интеграција во образованието. 
Забавата, игрите, соработката и социјализацијата беа дел од активностите со кои започна реализирање на ЕКО училницата под мото “ Дружба без граници”.sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6

 МИО работилница “Подај рака, подари насмевка”

Големата несреќа што ги погоди Турција и Сирија, не’ поттикна на заедничка активност со збратименото ООУ”Братство”. На 23.02. реализиравме  МИО работилница во нашето училиште под мотото: “Подај рака, подари насмевка.” Со тоа учениците подадоа рака на Поддршка на своите другарчиња во Турција и Сирија.

sl1sl2 sl3 sl4 sl5

 

Денот на планетата Земја

По повод Денот на планетата Земја, на 22.04.2021година реализиран е заеднички МИО час на учениците од првите одделенија од збратимените училишта „Вера Цирирвири – Трена“ и „Братство“. Истиот е одржан онлајн при што учениците се запознаа со значењето на овој ден. При тоа дадоa свои идеи за нејзино зачувување.

1 5

2 3 46