Category Archives: Проекти
Проект “Промоција на безбедна училишна средина”
ЗАПОЧНУВАМЕ СО НОВ ПРОЕКТ ,,ПРОМОЦИЈА НА УЧИЛИШНА БЕЗБЕДНА СРЕДИНА”
Во месец октомври нашето училиште аплицираше за учество во проектот ,,Промоција на училишна безбедна средина”, и на наше големо задоволство апликацијата беше прифатена. Следуваат активности во наредните две години со вклученост на учениците, родителите, наставниците и стручните соработници. Работилници, дискусии и обуки чија цел е одржување на безбедна и партиципативна училишна средина. Проектот го спроведуваат Коалиција на младински организации СЕГА, во партнерство со МЦГО, Првата Детска Амбасада во Светот ,,Меѓаши” и СмартАП – Лабараторија за социјални иновации.
Споделуваме со Вас дел од започнатите активности.


Проект “Промоција на безбедна училишна средина”
Наши ученици од 6, 7 и 8 одделение беа учесници на работилница на тема ,,Заедно креираме за побезбедна училишна средина ” каде преку метод на дизајнерско размислување споделија мислења и научија како да пристапат кон активности на тема решавање на предизвици од секојдневниот живот поврзани со превенцијата од насилство врз децата, eднакви можности за сите ученици и правата на децата.
Активностите се спроведени од страна на СмартАп- Лабораторија за Социјални Иновации, во партнерство со Coalition of youth organizations SEGA, МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC и Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi со поддршка од Kinderdorf Pestalozzi.


Проект”Промоција на безбедна училишна средина”
Наши ученици со наставникот-ментор Дивна Карапанчева, на интеркултурна размена во посета на детското село Песталоци, Торген, Швајцарија.
Од 12-25.03.2025, учениците учествуваа во различни работилници, дискутираа на различни теми, се запознаа со ученици од други земји, се дружеа и разговараа за предизвиците во образованието и како да се подобри пристапот и начинот на учење.
Учениците превземаа одгоровности поврзани со домување во кои покажаа голема посветеност и ентузијазам.
Учениците со големи насмевки споделија многу позивитни емоции.
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Coalition of youth organizations SEGA во партнерство со МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC, First Children’s Embassy in the World Megjashi Republic of Macedonia и SmartUp – Social Innovation Lab и со поддршка од Kinderdorf Pestalozzi




Проетк „ Наша мала библиотека „
Утрово Буба од нашите мисли изненадно влета во нашата училница и не запозна со својата авторка и илустраторка Андреја Пеклар. Возбудено ја пречекавме и откако ни раскажа за Буба од идеја до реализација ние и ги раскажавме нашите патешествија со Буба. Беше тоа една возбудлива средба со учениците од 2а одд за која долго ќе раскажуваме.


Проект „Наша мала библиотека”
На денешната средба со Авторката на книгата Господин кнедла и едрилицата, Ана Оњихимовска ние учениците од IIа одд пловевме со нашите изработки и раскажувавме за чистотата во нашата животна средина. Благодариме на Прозарт медиа за соработката и продолжуваме со нашето активно учество во проектот НМБ “Наша мала библиотека”



Проект „Нашата мала библиотека“
Проект „Наша мала библиотека“
Средба исполнета со емоции . Веселите лица на учениците од 3б одделение имаа средба со Урмас Реинма, автор на сликовницата “Каде го најде?”. Со големо воодушевување учениците го запознаа писателски живот на естонскиот автор, и неговата интересна приказна поврзана со неговата инспирација за пишување. Беа изработени разгледници кои ќе бидат изложени на Светскиот саем за детска литература во Болоња, Италија. Благодариме на Прозарт медиа за соработката и продолжуваме со нашето активно учество во проектот НМБ “Наша мала библиотека”


Вклученоста на нашето училиште во проектот”Безбедноста во училиштата”
Вклученоста на нашето училиште во проектот”Безбедноста во училиштата”се потврди денес со посета и посебно обраќање кон нашите наставници и ученици, од страна на
Министерот за образование и наука Јетон Шакири, Ректорот на Универзитетот”Св.Кирил и Методиј„-Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски,
проф.д-р Марјан Ѓуровски Филозофски факултет-Скопје,
проф.д-р Татјана Стојаноска Иванова, Филозофски факултет-Скопје, проф.д-р Софија Георгиевска Филозофски факултет-Скопје. Задоволството од нашето учество во проектот го изрази со поздравно обраќање и директорот на училиштето Светлана Шајноска. Наставниците и учениците поставуваа прашања и ги дискутираа можностите за зголемување на степенот на безбедноста во училиштата.
Зелени стапалчиња
Во периодот од 23-27.09.2919 беа изведени активности во согласност на проектот”Зелени стапалчиња”. Кско резултат на истите денес 25.11.2019 учениците ги презентираа реализирсните активности и своите согледувања како “ Детективи на патот”. Како награда за вложениот труд и изведените активности беа наградени со велосипед.
Патување во младото камено време – локација Тумба Маџари
Главните актери на оваа археолошка авантура се учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена“ и учениците од ООУ „Братство“ – општина Карпош, која се оствари на 26ти октомври.
МИО партнерство кое верно и активно трае 5 години!
Учениците не само што ја посетија реконструираната неолитска населба Тумба Маџари каде слушаа за животот на неолитските предци, туку после ужината, на топлото есенско сонце, своите впечатоци тие ги изразија преку уметничко творење – сликање, моделирање…
Целта не беше учениците само да добијат информација за далечното минато, туку пред сѐ, да ги вклучат сите сетила во стекнување на целокупно опипливо знаење (Видов, слушнав, научив/направив).
Што видовме таму? (види фотографии)
Секоја фотографија од овој ден делумно ја прикажува убавината на тој необичен неолитски свет…но ова е само почеток, планираме да оствариме работилници и други посети на објекти/споменици од културното наследство во Скопје, оттаму и насловот „КалеидоСкопје“, како метафора на калеидоскопот кој се состои од многу различни бои, обрасци или форми алудирајќи на богатото скопско мултикултурно милје.
Затоа останете поврзани со нас! Следете не!