Државен натпревар по Англиски јазик
Учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена” на 10 мај 2025 година, под менторство на наставничките по Англиски јазик Кристина Николовска-Велковска и Александра Чочевска, земаа успешно учество на натпреварот по Англиски јазик за учебната 2024/25 година на државно ниво. Натпреварот беше организиран од ЕЛТАМ со физичко присуство и учениците го завршија државниот натпревар со следниот успех:
Александра Димитрова (8 одделение) – I место со освоени 92 поени
Симон Стојановски (6 одделение) – III награда со освоени 84 поени
Честитки за одличниот успех на нашите вредни ученици!