Category Archives: Натпревари

Државниот натпревар по Македонски јазик

На Државниот натпревар по Македонски јазик кој се одржана 31.05.2025 год. одд.
Ученичката Матеа Мирческа од 9 б одд. го освои Второто место.
Ментор: м-р Матилда Бајкова

Државен натпревар по Биологија

Учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена” на 31 мај 2025 година, под менторство на наставничката по Биологија Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2024/25 година на државно ниво. Натпреварите беа организирани на ПМФ со физичко присуство Учениците го завршија државниот натпревар со следниот успех:

  • Антонија Лола Ефремова (7 одделение) – I награда
  • Тамара Нестороска (7 одделение) – II награда
  • Александра Димитрова (8 одделение) – II награда
  • Дариа Ева Вон Дер Форст (8 одделение) – III награда
  • Оливија Софеска (7 одделение) – Учество

Честитки за прекрасните успеси на нашите вредни ученици!

Државен натпревар во атлетика

На 19.05.2025год. се одржадржавен натпревар во атлетика во Куманово.Нашето училиште го претставија Софија Илиевска 9 одд. во дисциплина трчање 600 метри каде се закити со златен медал и стана државен првак , Јана Ставревска 6 одд. настапи во две дисциплини : трчање на 60 метри и освои трето место во групата во која се натпреваруваше , а во категорија фрлање на ѓуле постигна одлични резултати .

Јуниорска македонска математичка олимпијада

Ученикот Матеј Сиваков од 8 одделени од ООУ „Вера Циривири – Трена” на 18 мај 2025 година, учествуваше на Јуниорска македонска математичка олимпијада на која освои бронзен медал . Честитки за одличниот успех на Матеј ,му посакуваме голем успех на Јуниорска балканска математичка олимпијада 2025г.

Државен натпревар по Англиски јазик

Учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена” на 10 мај 2025 година, под менторство на наставничките по Англиски јазик Кристина Николовска-Велковска и Александра Чочевска, земаа успешно учество на натпреварот по Англиски јазик за учебната 2024/25 година на државно ниво. Натпреварот беше организиран од ЕЛТАМ со физичко присуство и учениците го завршија државниот натпревар со следниот успех:
Александра Димитрова (8 одделение) – I место со освоени 92 поени
Симон Стојановски (6 одделение) – III награда со освоени 84 поени
Честитки за одличниот успех на нашите вредни ученици!

Државен натпревар по Природни науки

Учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена” на 18 мај 2025 година, под менторство на наставничката по Природни науки Дивна Карапанчева и наставничката Алмедина Адемовска земаа успешно учество на натпреварот по Природни науки за учебната 2024/25 година на државно ниво. Натпреварите беа организирани на ПМФ со физичко присуство Учениците го завршија државниот натпревар со следниот успех:

  • Нина Михајлоска (5 одделение) – I награда
  • Ана Марија Темова (4 одделение) – I награда
  • Мартин Брашнарски (4 одделение) – II награда
  • Дарјан Докузовски (6 одделение) – III награда
  • Бора Аго (6 одделение) – III награда
  • Јана Ставревска (6 одделение) – III награда
  • Јоана Аврамовска (6 одделение) – Учество

Честитки за прекрасните успеси на нашите вредни ученици!

Меѓународен математички натпревар Кенгур 2025

Државен натпревар по математика

Државниот натпревар по музичко

Бисерно грло на Македонија-Нела Манческа ученичка во 8 одд.од ООУ,,Вера Циривири Трена”на ден 5.5.2025 год на државниот натпревар во Свети Николе освои 100 од бода – ментор Слаѓана Чекичевска. Натпреварот беше во организација на Здружение на музички педагози на Република Македонија

Регионален натпревар во организација на ЗМПРМ

Горди на ученичките успеси ✨На регионален натпревар во организација на ЗМПРМ Нела Манческа со песната,,Зајди зајди” освои 100 поени
ментор Слаѓана Чекичевска