Category Archives: Нашето училиште

Во нашето училиште уште една престижна награда и огромно признание.

22345265_10155871622199602_1198176514_o

Сојузот на просветни работници на Република Македонија по повод Светскиот ден на учителот на ден 5.10.2017 година (четврток), во Велес  го додели престижното признание на просветните работници на Р. Македонија за учебната 2016/2017 година. 

Оваа година ова престижно признание го доби нашата наставничка  

во категорија предметен професор во основно образование, професорката м-р Матилда Бајкова 

Инаугурацијата со пригодна програма од ученици од ООУ „Васил Главинов“-Велес  и истакнати  уметници се одржа во Ликовниот салон „Бели Мугри“ во Велес. 

Да ни се множат наградите у успесите. Оваа година е нашот јубилеј и ова е убав настан на почетокот на учебната година.

22368826_10155871623619602_562460444_o 22345265_10155871622199602_1198176514_o

Хемиска лабараторија – Креативен центар

IMG_2811

 

На ден 10.11.2015 год(вторник) во ООУ„Вера Циривири- Трена“се одржа креативна работилница по повод  отварањето на хемиска лабараторија во склоп на детскиот креативен центар на општина Карпош. Работилницата ја отвори  проф.д.р Зоран Поповски од институтот за биологија кој е вооедно одговорен за овој проект.Беше реализирана кратка презентација на интересни експерименти за воннаставни активности од страна на проф. д.р Методија Најдоски од институт за хемија во Скопје

Во рамките на оваа работилница беа изведени креативни хемиски експерименти од страна на наставниците по хемија во основните училишта на територија на општина Карпош.

Експериментите ги следеа директорките на основните училишта и група ученици од ООУ„Вера Циривири- Трена“- членови на хемиската секција. Лабараторијата е достапна за сите наставници и ученици од општина Карпош во рамките на воннаставните активности.

IMG_2801 IMG_2804 IMG_2808 IMG_2811 IMG_2812 IMG_2814 IMG_2828IMG_2834IMG_2837 IMG_2842 IMG_2844 IMG_2846 IMG_2847 IMG_2853

 

Одбележување на денот на нашиот патрон – Вера Циривири – Трена

По повод патрониот празник на Основното општинско училиште „Вера Циривири – Трена“ Скопје, беше организирана пригодна свеченост составена од неколку делови. Овој ден од големо значење за нашето училиште беше отворен со пригоден говор и положување цвеќе пред бистата на нашиот патрон Вера Циривири – Трена, од страна на борците во Народно ослободителната борба и директорката на нашето училиште Снежана Карас. Понатаму во текот на свеченоста во одлично светло се претстави и хорот и оркестарот на нашето училиште кој неодамна се закити со второ место на регионално ниво.Откако проследивме и неколку танцови точки од нашите секогаш расположени ученици, следуваше главниот дел од одбележувањето на патрониот празник на училиштето. Сеуште под импресии од Малите олимписки игри кои се одржаа во нашата Општина, решивме овогодинешниот ден на училиштето да го посветиме на спортот односно на малку подзаборавените игри од детството.Секое одделение и секој актив од нашето училиште имаше своја станица на која учениците преку забава и натпревар го исполнија своето петочно утро. На крајот како шлаг на тортата следуваше и пригоден коктел за сите вработени од училиштето и беа доделени скромни подароци за „јубилејните наставници“ и за оние кои заминаа во заслужена пезија.Ние сме горди што нашето училиште го носи името на оваа несудена хероина Вера Циривири – Трена.

20150522_092502 20150522_092627 20150522_093020 20150522_093146 20150522_093327 20150522_094015 20150522_094211 20150522_094217 20150522_094239 20150522_094309 20150522_095419 20150522_095729 20150522_095857