Category Archives: Активности
Ја испративме старата година
Писателката Ана Салтирова Давидовски
Неверојатно патување нашата Буба
Во магичниот месец, месец декември со радост ја испративме на едно неверојатно патување нашата Буба . Се надеваме дека со раширени раце ќе ја пречекаат нашите другарчиња од ООУ Рампо Левката од Прилеп и ќе минат пријатни читачки денови со неа. Со нетрпение ќе очекуваме Буба да се врати со тетратка полна со илустрации и текстови за нејзините доживувања.




Учество на 7ма Регионална наставничка конференција “Светот на образованието ги брише границите” – Велика Горица 2024
Во период од 28 ноември до 1 декември 2024 година во Велика Горица се одржа 7ма Регионална конференција под мотото “Светот на образованието ги брише границите”. На истата учествуваа повеќе од 200 наставници, професори, воспитувачи и образовни лидери од шест земји вклучувајќи ја и наставник ментор Дивна Карапанчева. Целта на конференцјата е да ги инспирира и поврзе наставниците од различните земји на Балканот поттикнувајќи ги на меѓусебна соработка и разменување на образовни практики и идеи. Во четирите дена од Конференцијата учесниците имаа прилика да следат инспиративни предавања од странски стручнаци од различни образовни области. Исто така, имаа можност и да разменуваат искуства и идеи преку работилници , панел дискусии, но и да ги промовираат своите наставни практики и идеји на Саемот на образованието.
На саемот наставничката Дивна учествуваше со свој сопствен штанд промовирајќи ја нашата Дигит Био Градина каде преку интерактивни дигитални алатки прикажа активности од стаклената градина. Беше и дел од тимот од Македонија под името Екоемпатија, кој го освои највисокото место.
Овогодинешната конференција ја завршивме успешно со низа сертификати и дипломи, додека 2025 година се гледаме во Охрид на осмата конференција!




Активности на Драмската секција
Традиционално Драмската секција “Глумци од утре”, настапија со своја претстава која ја поставија на текст од Ванчо Полазаревски од неговото дело “Сештологија”, пиеската беше со интересен наслов “Васко де Гума”, па соодветствуваше на овогодинешната тема на конкурсот “Приказни од училишната клупа”, и овојпат маестралната изведба на нашите Глумци измами многу аплаузи и насмевки. Голем поклон за нашите актери. Следат Новогодишни изненадувања од Драмската секција “Глумци од утре”! Следете не’. Ментор и координаторот на секцијата -м-р Матилда Бајкова



Почестени како дел од Караванот „Тоше за овој свет“
Многу енергија, емоции и сеќавања меѓу сите нас предизвика Караванот „Тоше за овој свет“ кој денеска гостуваше во нашето училиште „Вера Циривири – Трена“, а поводот е одбележување на 20 години од членството на Тоше во УНИЦЕФ Регионален и Национален Амбасадор на Добра волја.
Преку игра и песна учениците го потенцираа значењето и делото на Тоше Проески. Тоше останува да биде пример за сите нас, за тоа како треба да се однесуваат младите луѓе и кои вредности треба да ги негуваат.
Ние сме посебно почестени што „Вера Циривири – Трена“ е единственото училиште во Скопје кое е дел од Караванот „Тоше за овој свет“










Посета на Саемот на креативните индустрии
На 25.11.2024г ученици од нашето училиште заедно со наставничките Гордана Ѓорѓиевска и Јасмина Сретеноска беа во посета на Саемот на креативни индустрии каде можеа да ги видат новите иновации создадени во земјава и странство и новини во иднината на технологијата со цел поттикнување да истражуваат , да размислуваат креативно и критички и да се инспирираат за кариери во STEM (наука, технологија, инженерство и математика), креативните индустрии и уметноста.








Ноември – месец на науката 2024
Денешниот ден 23.11.2024г учениците од нашето училиште заедно со наставник – ментор Дивна Карапанчева го надополнија со уште едно успешно учество на настанот „Ноември – месец на науката 2024„ каде сите од учениците учествуваа со свои експерименти на истоимениот натпревар. Нашето училиште учествуваше со 7 тимови ученици со свои експерименти кои ги презентираа на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Следните ученици освоија и соодветни награди за своите презентации:
Природни науки:
– Јана Ставревска – 6 одделение – прва награда
– Бора Аго – 6 одделение – прва награда
– Александар Димитровски – 4 одделение – прва награда
– Нина Михајлоска – 5 одделение – втора награда
– Матеј Маневски – 6 одделение – втора награда
Биологија:
– Александра Димитрова – 8 одделение – трета награда
– Дариа Ева вон дер Форст – 8 одделение – трета награда
Учество зема и ученикот Александар Димитровски од 4 одделени под менторство на наставник Алмедина Адемовска




