Category Archives: Активности

Втора награда на манифестацијата “Карпош има талент” 

Нашите ученици Јована Јанкулоска и Нела Манческа, добитнички на втора награда на манифестацијата "Карпош има талент" 

сл5 сл4 сл3 сл2 сл1

Доделување на стипендии од Општина Карпош

Како и секоја година и оваа нашите таленти се добитници на стипендија од Општина Карпош.

sl8 sl7 sl6 sl5 sl4 sl3 sl2

 

“Разбуди го родителот во себе”

Во нашето училиште на големо задоволство беше одржана првата од серија работилници “Разбуди го родителот во себе” од Соња Китановска- Кимовска. Родителката испрати пораки, од родител кон родители, како да учиме едни од други. Се споделија лични искуства, техники и препораки за решавање предизвици во родителството.

 

sl4 sl3 sl2 sl1

Повик за избор на ученички правобранител и заменик на ученички правобранител

Ученички правобранител

Прием на првачиња

Со насмеани детски лица, среќни родители, весели наставници го одбележавме првиот училишен ден на првачињата во ООУ,,Вера Циривири – Трена”. Посакуваме детскиот џагор, насмевките и другарувањата да царуваат во текот на учебната 2023- 2024 година.

сл5.5 сл4.4 сл3.3 сл2.2 сл1.1 сл7 сл6.6

 

 

 

Соопштение

                          СООПШТЕНИE                                               

Почитувани родители,

 

На 01.09.2023г. (петок) во чест на нашите првачиња ќе се организира свечен прием со почеток од 08:30 часот.

По свеченоста сите првачиња ќе го имаат првиот час со своите наставници.

              

                    

                       СРЕЌЕН ПОЧЕТОК ПРВАЧИЊА!!!

 

                                                                           

                                                                            СТРУЧЕН ТИМ НА                                                                                                 

                                                              ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ – ТРЕНА“ – СКОПЈЕ                              

                                                                               КОНТАКТ ТЕЛЕФОН : 02 3068-507

Државен натпревар по математика

На ден 14.05.2023 г. Беше реализиран државен натпревар по математика на кој учество земаа учениците од VI–IX одделение. Целта на натпреварот беше за се развие љубовта кон математиката како и откривање на ученици кои имаат развиен талент кон математиката, развивање на натпреварувачки дух меѓу учениците . На истиот беа постигнати завидни резултати и тоа : Постигнати резултати :

VI а одделение: Александра Димитрова II награда

VI б одделение: Матеј Сиваков I награда Ментор

наставник : Гордана Ѓорѓиевска, Јасмина Сретеноска

Државен натпревар по Биологија

 

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 20 мај 2023 година, под менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2022/23 година на државно ниво. Натпреварот беше организиран со физичко присуство на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Нашето училиште се гордее со резултатите на учениците. Учениците го завршија државниот натпревар со следните успеси:

9 одделение:

– Јасна Богдановска – II награда


8 одделение:

– Ема Маневска – I награда
– Андреј Гацоски – II награда
– Марија Мирческа – III награда
– Јана Ѓорѓијевска – Пофалница
– Матеа Секулоска – Учество

Oдбележувањето на 60 – годишниот јубилеј на нашето училиште “Вера Циривири – Трена”

sl1
sl2
sl3
sl4

Море од емоции, воздишки до бескрај, радосни ученици, насмеани родители, горди наставници. Ова е краткото резиме од одбележувањето на 60 – годишниот јубилеј на нашето училиште “Вера Циривири – Трена”.Благодарност до сите ученици, наставници и родители кои учествуваа во креирањето на едночасовна претстава испреплетена со глума,музички и фолклорни точки. Пораката која ја испративме е силна и јасна. Секоја генерација си има свои специфики во растот, развојот и воспитувањето, но целта на нас како наставници и родители е да им ги всадиме вистинските вредности и етички норми, затоа што само така нашите ученици можат да се оформат во ментално здрави личности.

sl1
sl2
sl3
sl4
sl5
sl6
sl7

Учиме за здрава храна

Плодната соработка со родителите од IIIб одделение продолжи со сктивност на 10.05.2023година.  Беше реализиран час од страна на Марија Бојчевска. Учениците ги продлабочија своите знаења за здравста храна и нејзиното значење. Воедно со големо задоволство и насмевки направија овошни салати кои ги дегустираа. Со ова ги нанаправија првите чекори во нутриционизмот. 
Соработката продолжува!

сл1 сл2 сл3