Category Archives: Активности

Спортска манифестација во соработка со О.О.У. Владо Тасевски-Скопје

На 26.10.2024 год. во нашето училиште на обновениот фудбалски терен се одржа една спортска манифестација во соработка со О.О.У. Владо Тасевски-Скопје. На овој настан завземаа учество нашите ученици од I,II, и III одд. кои посетуваат тренинзи за развој на моторичките способности во Спортскиот училишен клуб ” Циривири”. Спортските игри беа од забавен карактер и се состоеја од скок во далечина, спринт на 20 м. и еден полигон каде што децата имаа прилика да ги покажат своите способности за брзина, скочност, цик-цак движења и сл.
Поради големиот интерес за повторна средба, овие настани ќе се одржуваат еднаш месечно во текот на целата учебна година, а воедно се надеваме дека на оваа иницијатива ќе ни се придружат и други училишта од нашата општина и пошироко…
Голема благодарност до наставниците за развој на моторичките способности од О.О.У. Владо Тасевски – Скопје за убавата соработка .

Нашите ученици ја покажаа својата хуманост

По повод на меѓународниот ден на гладта -16 октомври, нашето училиште организираше хуманитарна акција во донирање трајна храна. Воедно се приклучивме на хуманитарната акција во донирање на средства за хигиена, организирана од општина Карпош. По завршената акција дел од средствата во соработка со Црвениот крст на РСМ беа сортирани, пакувани и делени заедно со нашиот училишен клуб за Црвен крст.Средствата се доделија на социјално загрозени семејства. Голема благодарност за покажаната хуманост.

Искуствено учење во 6то одделение

Учениците од 6то одделение по предметот Природни науки изучувајќи ги својствата и промените на супстанциите демонстрираа хемиски промени на супстанциите изработувајќи свои против-пожарни апарати. Во училишниот двор симулираа пожар и ги тестираа своите изработки. 

Експерименти во Стаклената градина

Учениците од 9то одделение имаа можност да ги изучуваат новите наставни содржини по Биологија преку практична работа во нашата стаклена градина на 24ти и 26ти септември. Следејќи го принципот „Учење преку пракса„, учениците предводени од наставничката Дивна Карапанчева заедно изработуваа експерименти за докажување на фотосинтеза и со помош на водни растенија, лабораториски чашки, епрувети и инки поставуваа експетименти и ги следеа односно читаа резултатите од истите.

Училишен клуб за ментално здравје

Преку проект, училишниот клуб за ментално здравје сподели техники за справување со различни стресни и животни ситуации, како и начини за реализирање на сопствениот потенцијал. Под менторство на психологот Николина Мицковска за прв пат клубот изработи училишна брошура под мотото “Се грижиме за менталното здравје”.

Училишен клуб за ментално здравје

Виртуелна прошетка низ религиозните објекти на Скопје

Во рамки на МИО активностите, кои се дел од добиениот грант доделен од МОН, со збратименото училиште ООУ”Братство”, имавме виртуелна прошетка низ религиозните објекти на Скопје. Учениците под менторство на тимот МИО подготвија краток квиз и презентација. Преку реализација на оваа активност ги зајакнавме позитивни чувства за почитување на различностите.

,,Пајажината на Климентина,,

Работилница во 5 б и 5 в одд , во рамките на обработката на лектирата ,,Пајажината на Климентина,,

Нашите стипендисти

Честитки за нашите ученици Александра Димитрова, Дарија Вон дер Форст, Матеј Сиваков и Нела Манческа, добитници на стипендии за талентирани ученици во учебната 2024/2025 год.

Соопштение за првиот училишен ден