Клуб на родители и наставници ОПТИМИСТИ

Во нашето училиште оваа учебна година 2013/14 се формираше клубот на родители и наставници. Неговата цел е поголемо вклучување на родителите во активностите на училиштето. Со тоа ќе се подобри соработката и комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, а тоа ќе значи и поголемо мотивирање на учениците за постигнување на подобри резултати и подигање на чувството на припадност кон заедницата во училиштето. Една од главните цели е и подигањето на расположението, дружењето и смеата.

Клубот се конституираше во декември месец и на првиот состанок сите заедно дадоа име кое и го одразува ентузијазмот – ОПТИМИСТИ. Во таа насока веднаш беа дадени повеќе идеи за соработка  а главна водилка беше хуманитарниот карактер на поголемиот дел од активностите. Веднаш се пристапи кон изготвување и организитање на новогодишна театарска претстава „ Новогодишна мешаница“.

Активно земаа учество родители од кои еден професионален режисер Војо Цветановски, актерот Игор Лазаровски, и родителите Дејан Алексовски и Славица Галиќ , кои несебично одвоиа време за реализација на проектот. Учествуваа и тројца наставници  и ученици од прво до осмо одделение. Останатите наставници се вклучија во различни сегменти како што се изработката на влезниците, одржувањето на редот, организирањето на балетската нумера и хорот. За изведба на претставата ни беше овозможена салата на кинотеката на Македонија чии директор Мими Илиеска е исто наш родител. Одржани беа 2 претстави пред преполна сала. Дружењето и работењето беа задоволство на сите. Сретствата собрани од продажбата на влезниците се наменија за лечење на ученик од нашето училиште.

Работата на клубот продолжи и на следниот содтанок присуствуваа и поголем број родители заинтересирани за клубот. Дадоа идеи за понатамошно делување, се поделивме во неколку групи на делување. Следи организирање на активностите.