Посета на Државниот архив на Македонија

архив

На 10.10.2017 година, учениците од 9-б одд. заедно со предметнот наставник по македонски јазик м-р Матилда Бајкова од нашето училиште го посетија Архивот на Македонија кој се наоѓа во близина на нашето училиште. Целта на посетата беше да се запознаат со процесот на чување, архивирање и користење на документите од важност на секој граѓанин, но и да ги видат документите кои се од важност за кодификацијата на македонскиот јазик односно документите кои во оригинална форма се чуваат во Архивот. Наставната содржина за кодификацијата на македонскиот јазик и првите написи пишувани со македонската азбука беа дел од нивната цел. Љубезноста на вработените во Архивот овозможи нашите ученици да поставуваат интересни  прашања, поврзани со активностите на архивот како и да ги видат депоата каде се чуваат документите. Часот по македонски јазик беше нагледен, интересен а сите се согласија дека ваквите часови се најубави!

архив DSC06125