Во посета на Владата на Република Македонија

На ден 21.11.2017 год. активот на V одделение,паралелката V а и V б со одделенските наставници Анита Петровска и Велимир Новески по предходно договарање и закажување со лице за протокол во Владата беше реализирана посета на Владата на Р.М.Учениците беа запознаети со ингеренциите на премиерот,министрите и нивните заменици,кои министерства се дел од Владата,што е тоа министер без ресор итн.За таа цел беа посетени салата за билатерални средби каде беше објаснет протоколот за дочек на претставници на Влади на други држави,потоа салата за прес каде се одржуваат конференции за печат и салата за одржување на седници на Владата.

 

slika 6 slika 1 slika 7 slika 5 slika 4 slika 3