Зајакнување на социјалната кохезија во Македонија
На ден 14.03.2018 во ООУ „Братство“ беше спроведена активност од проектот на USAID „Зајакнување на социјалната кохезија во Македонија“. Станува збор за спортски настан – спортски игри со учество на учениците од третите одделенија од двете училишта. Овој проект придонесува да се зајакне меѓуетничката интеракција помеѓу децата и да го унапреди меѓукултурното образование.