Да живее уметноста, да живее мултикултурализмот!

1 2 4

МИО (Меѓуетничка интеграција во образованието) како предизвик и надвор од Македонија

 

После одредена пауза ООУ „Вера Циривири – Трена“ го освежи долгогодишното пријателство со ОУ „Петефи Шандор“ од Нови Сад, притоа искористувајќи ја ентузијастички поканата за учество на нашето училиште на ликовната колонија „ Дедал и Икар“. На оваа културна манифестација која ги собра ликовните уметници, ликовните педагози и талентираните ученици покрај учеството на нашето училиште (единствено од Македонија) учество земаа училишта од Хрватска, Словенија, Унгарија и се разбира Србија. На оваа колонија која се одржа од 20-ти до 22-ри октомври, клучно беше не само да се земе учество, но и воедно да се остварат нови познанства со училиштата од регионот, да се разменат искуства и идеи, да се живее идејата за мултикултурализам или МИО надвор од македонските граници. Покрај срдечното  и топло добредојде, да бидеме искрени беше воочено како училиштата од Македонија се често отсутни од било какви манифестации кои се случуваат во регионот, затоа нашето присуство таму беше повеќе од „само“ учество. Нови пријателства, евоцирање спомени со нашите збратимени колеги од „Петефи Шандор“, едноставно кажано беше остварено регионално вмрежување со размена на нови идеи и желби за заеднички работилници и проекти. Но сепак јаготката на шлагот не беше само извонредната организираност на работилницата за популаризација на графиката, туку и изработката на графиката на нашата талентирана ученичка Елена Попоска под менторство на наставникот Лилјана Ружиновска, на тема Ритам.