Проект „Музејот пријател на децата “

Проектот ,,Истражувачки споменар’’ кој започна во ноември 2018 година, во кој учевство земаа 15 основни училишта на државно ниво се заврши денес со доделување награди за најдобро изработените споменари во Музејот на македонската борба за државност и самостојнот.

 Нашето училиште ,,Вера Циривири-Трена’’, со уникатниот споменар за ,,Македонската жена борец’’, го освои 3-то место на овој проект кој беше од натпреварувачки карактер. Одличната соработка помеѓу наставниците и учениците, содржината и истражувањата за жената во историјата на македонскиот народ,тимот задолжен за реализација на споменарот, ги претстави со презентација која беше проследена од сите присутни, како и од жири комисијата. Работата на тимот и менторите беше наградена со дипломи и прекрасно искуство од овој проект посветен на жената во минатото.

slika6slika 5

slika4slika 2slika3slika1