Учениците од ООУ “Вера Циривири- Трена” по трет пат учесници на квизот “МОСТ МАТЕМАТИКЕ”во Врњачка Бања

Учениците од ООУ “Вера Циривири- Трена” по трет пат беа учесници на Шестата меѓународна културно-научна манифестација „МОСТ НА МАТЕМАТИКАТА“, која се одржа од 17-20 мај 2019 година во Врњачка Бања, Република Србија. 

На меѓудржавниот натпреварот кој беше одржан во рамките на манифестацијата учениците Изабела Црња од VI одд., Анастасија Ставреска од VII одд., Софија Илиевска од VIII одд. и Елена Клинчарова од IX одд. го освоија третото место. Тие, заедно со својот ментор, м-р Јасмина Сретеноска, имаа можност да го презентираат изработениот проект на тема “САТ” ("ЧАСОВНИК") и да учествуваат со изработена макета која го привлече вниманието на присутните.

Покрај учеството на квизот, учениците имаа можност да ја проследат програмата богата со предавања, трибини, работилници и презентации од останатите учесници.

Тимот се врати во Република Македонија задоволен и побогат со нови искуства и пријателства.