Извештај од посета на Противпожарна станица Тафталиџе

На ден 19 февруари 2020 година во организација на Црвениот крст на РСМ – Општинската организација Карпош, учениците членови на училишниот клуб на Црвен крст при ООУ „Вера Циривири Трена“ Скопје, ја посетија противпожарната станица Тафталиџе.

Целта на посетата беше учениците да се запознаат со секојдневната работа на пожарникарите, нивната опрема, причините за настанувањето на пожари, последиците од пожарите и заштитата и превенцијата од пожари. За време на посетата пожарникарите демонстрираа употреба на опремата, а исто така учениците имаа можност да пробаат да ја користат. На крајот од посетата следеше фотографирање со облекување на пожарникарска униформа.

На оваа активност учествуваа 30 ученици од четврто до деветто одделение од ООУ „Вера Циривири Трена“ заедно со ученици од ООУ „Ѓорче Петров“, ПСУ „Максимилијан“ и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.

viber_image_2020-02-21_11-16-00 viber_image_2020-02-21_10-30-59 viber_image_2020-02-21_10-30-47