Извештај од учество во ЦКА-ПХВ програма на Црвениот крст

„Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ е програма на Црвениот крст на Р.Северна Македонија чија цел е промовирање на мирот, толеранцијата, соживотот и помагањето во заедницата во која живееме и привлекување на нови млади волонтери во организацијата на Црвениот крст. Програмата е наменета за учениците на возраст од 13 до 17 години кои имаат желба за прв пат да се вклучат во активностите на Црвениот крст. Со самото вклучување тие имаат задача во мали групи од по 5 ученици да изработат проект за помош во зедницата.

Како и минатата година, така и оваа 2020 година, ООУ „Вера Циривири Трена“ активно ќе се вклучи во оваа програма. Во текот на месец февруари 2020 година преку училишниот клуб на Црвениот крст во училиштето и соработка на стручната служба и одговорните наставници со ЦКРСМ-ОО Карпош беа пратени 8 ученици да учествуваат на трите работилници за обука за изработка на мали проекти за помош во заедницата. По обуките учениците ќе имаат за задача да изработат проект во период од два месеци.

Учениците беа задоволни од учеството во работилниците и во наредниов период ќе се подготвуваат за активностите што ги имаат предвидено со нивната идеја за изработка на проект.

viber_image_2020-02-21_10-32-12 viber_image_2020-02-21_10-32-00 viber_image_2020-02-21_10-31-32 viber_image_2020-02-21_10-30-28