МИО дружење под мото „Нашата традиција – наша иднина“
Во духот на заедништвото и мултиетничката интеграција во нашето училиште на 24.12.2021 год. се одржа заедничка работилница со збратименото училиште„Братство“. Истата беше реализирана под мотото „Нашата традиција – наша иднина“. Воедно беа реализирани повеќе активности како: декорирање народни мотиви и носии од двата етникума, ткаење, пишување пораки на повеќе јазици, народни танци од двата етникума.
Сето тоа беше финализирано со заедничка новогодишна порака за љубов, мир и соживот.