Работилница со збратименото училиште „Братство“ на тема – Булинг

Во духот на заедништвото и мултиетничката интеграција на 12.05.2022 год. се одржа заедничка работилница во збратименото училиште „Братство“ на тема:Булинг. Воедно беше реализирана активности при која учениците од двете училишта дискутираа на актуелната тема и изработија плакати –„Стоп за булингот“ . При тоа правеа илустрации и пишуваа пораки на повеќе јазици.

Сето тоа беше финализирано со формирање на заеднички  клуб „Стоп за булингот“ со пораки за љубов, мир и соживот.

сл1 сл2 сл3 сл4 сл5